Претседателскиот кандидат на демократите Хилари Клинтон, им рекла на агентите од ФБИ дека не се сеќава на сите брифинзи во врска со раководењето со чувствителни информации додека била државен секретар.Како причина го навела потресот на мозокот кој го претрпела во 2012 година, покажуваат објавените податоци на ФБИ.
Американското Федерално Биро објави разговор што на 2 јули го водеше со Хилари Клинтон во врска со истрагата за нејзиното користење на приватен сервер за мејлови во времето кога била американски државен секретар.
Исто така, ФБИ објави и скратен преглед од истрагата.
Последиците од таа истрага повеќе од година дена ја следат Хилари, која на изборите на 8 ноември како ривал ќе го има републиканецот Доналд Трамп.
Републиканците во повеќе наврати ја напаѓаа Клинтон поради овој случај, што допринесе анкетите да покажат дека многу гласачи се сомневаат во нејзиниот начин на работа.
Таа подоцна изјавила дека жали поради употребата на приватниот сервер додека била на функцијата државен секретар.
Документот од 58 страници објавен од ФБИ, содржи и технички детали за тоа како серверот бил поставен во подрумот од нејзината куќа.
Директорот на ФБИ Џејмс Коми, изјави дека иако Хилари и нејзините соработници биле „несовесни“, бирото не утврдило дека станува збор за намерно кршење на законот.Како причина го навела потресот на мозокот кој го претрпела во 2012 година, покажуваат објавените податоци на ФБИ.
Американското Федерално