Тоа требало да биде сосема вообичаено интервју во кое Џејн и нејзиниот колега Роберт Редфорд ќе го промовираат својот најнов филм “Our Souls at Night”.Многу прашања, одговори и смеа, но водителката Мегин Кели поставила едно несоодветно прашање на кое 79-годишната актерка не останала рамнодушна.
По повод новиот филм “Our Souls at Night” кој го снимиле заедно, Џејн Фонда и Роберт Редфорд гостувале во “Today’s Show”, популарна емисија на NBC. Со цел што подобро да го промовираат новиот филм, Џејн и Роберт со задоволство одговарале на многу прашања и ги забавувале гледачите во студиото.
Можеби сè би прошло одлично доколку водителката во еден момент не одлучила да постави прашање на кое очигледно Фонда не се надевала.
“Вие сте најдобар пример за тоа како една жена може одлично да старее. Но, некаде сум прочитала дека вие баш и не ги поднесувате естетските зафати на кои доброволно сте се подложиле. Зошто?”.
Откако го изговорила прашањето, водителката во истата секунда го забележала изразот на лицето на Џејн и сфатила дека погрешила. Иако се чинело како вечност, тишината траела само неколку секунди, по која актерката ѝ возвратила: “Навистина сакаш да зборуваме за тоа?”.
Потоа, како ништо да не се случило, Фонда продолжила да зборува за својот нов филм. Се чинело дека сето тоа би прошло незабележително, но набрзо потоа, социјалните мрежи се распишувале за овој “инцидент”.
Своето мислење го дала и актерката Сара Мишел Гелер, прашувајќи се зошто водителката не му го поставила истото прашање и на Роберт Редфорд, индиректно оптужувајќи ја Мегин Кели за двојни стандарди.
Многу прашања, одговори и смеа, но водителката Мегин Кели поставила едно несоодветно прашање на кое 79-годишната актерка не останала рамнодушна.&nb