Греманската полиција објави дека повеќе нема да ги обезбедува мечевите на бундеслигашот Шалке поради тоа што беше подлежна на критики поради употребата на сила во обид да го отстрани македонското знаме од трибините на мечот Шалке-ПАОК. Полицијата брутално интервенираше на трибината на најжешките навивачи на Шалке, популарните УГЕ, кои се во братски односи со вардаровите „Комити“ на „Велтинс Арената“ на мечот со ПАОК, кога беше извадено знамето од Кутлеш, а навивачите застанаа во одбрана на знамето по обидот на полицијата да го одземе.
Интервентната полиција влезе на трибината и со пендреци и солзавец се обиде да го одземе знамето, на барање на Грците кои интервенирале кај делегатот на според нив „провокациите“. По оваа бруталност, зад сопствените навивачи застана клубот со соопштение и голема критика кон полицијата, а УГЕ продолжија со подршката за Македонија, и на следните мечеви постојано декор беа македонските знамиња.
Сето ова доведе до голема кавга на релација Шалке – полиција, па полицијата од покраината соопшти дека повеќе нема намера да го одржува редот на натпреварите на овој клуб во Гелзенкирхен и целата одговорност за безбедноста му ја препушта на клубот. Министерот за внатрешни работи на покраината, Ралф Јегер, соопшти дека полицијата ќе биде присутна во околината на стадионот и ќе интервенира само во вонредни ситуации. Одлуката беше поздравена од Синдикатот на германската полиција, од каде оценија дека истата е разбирлива и логична последица на однесувањето на надлежните во Шалке. Полицијата брутално интервенираше на трибината на најжешките навивачи на Шалке, популарните УГЕ, кои се во братски односи со вардаровите „Ком