Поранешен шеф на ЦИА предупредува: Џихадистите ќе го нападнат Западот!

Мајкл Хајден, поранешен шеф на ЦИА, предупредил дека е само прашање на време кога милитантите од исламистичката организација Исламска држава ќе го нападнат Западот.Мајкл Хајден очекува Исламската држава да се обиде да изведе напад на некоја мета во САД или Европа.Хајден во изјава за американската телевизиска мрежа CNN, која ја пренесува Tanjug, предупредил дека нападот на џихадистите од таа организација е прашање на време.
“Ја искажаа својата намера. Нема помоќен начин да ја искажат својата способност меѓу џихадистичката заедница од успешен напад на Западот”, навел пензионираниот генерал.
“ИС е многу моќна локална организација и веројатно моќна регионална терористичка организација. Групата има глобални амбиции и има доволно средства”, објаснил Хајден.Сепак, во меѓународната заедница засега не постои согласност во врска со тоа дали ИС во овој момент е способна да нападне цели на Запад.

ИС во јуни го променила своето име. До тогаш била позната под името “Исламска држава на Ирак и Левант” или “Исламска држава на Ирак и Сирија”, а нејзините припадници неодамна го погубиле американскиот новинар Џејмс Фоли и самиот чин го споделиле на интернет.
Поранешниот заменик директор на ЦИА, Мајкл Морел, ова убиство го нарекол “вистински терористички напад” на ИС врз САД.Американската војска започнала со воздушни напади на упоришта на ИС во регионот, поради заштита на американски дипломати во Ирак, но и за да се спречи геноцид над Јазидите во тој регион.Хајден во изјава за американската телевизиска мрежа CNN, која ја пренесува Tanjug, предупредил дека нападот на џихадистите од таа организ

Пронајдете не на следниве мрежи: