Поранешен ученик открива дека наставник педофил навел многу ученици на самоубиство

Loading...

Поранешен студент на елитното Хорас Ман училиште во Бронкс вели дека неговиот професор по англиски јазик, кој бил педофил, се фалел дека довел 12 деца до самоубиство- и ветил дека тој ќе биде 13-от.„Ќе се придружиш на долгата листа деца кои  избувнаа и не можеа да одат по свое“, му кажал Роберт Берман на една од своите жртви, Стфан Фајв, според мемоарите на Фајф, „13-то момче: Мемоар за образование и злоупотреба“.
Берман, обвинет за педофилија и претходно, негирал дека имал секс со ученици. Обидите од страна на весниците да стигнат до него биле неуспешни.
Тој сега живее во затворена вила на северот од државата со еден од своите поранешни ученици. Во книгата, Фајф вели дека Берман имал контрола над него и другите кои ги злоупотребувал , вклучувајќи и професори.
Фајф, чија мајка, Барбара, била заменик градоначалник на Дејвид Дикинс, изјавила дека тој на почетокот му се восхитувал на Берман и го нарекол „следниот Дикенс“.
Но Берман сексуално го злоупотербил неколку пати, пишува Фајф во својата книга, од која „The Post“ добиле копија однапред.
Фајф раскажува една ситуација во станот на Берман во 1970 година.
„Тој беше врз мене на софата, држејќи ми ги рацете, притискајќи ги неговите усни на моите. Успеав да го отргнам од мене и да избегам од станот“.

Фајф конечно се соочил со него по завршувањето на училиштето велејќи му: „Ти си ужасна, деструктивна личност“
Фајф се обидел да го пријави Берман во април 1970 година, но никој не поверувал во неговата приказна.
Фајф е еден од 36-те ученици кој постигнал монетарна спогодба со училиштето во 2013 во врска со наведената злоупотреба. Потпаролот на Хорас Ман одбил да даде коментар.
 „Ќе се придружиш на долгата листа деца кои  избувнаа и не можеа да одат по свое“, му кажал Роберт Берман на една од своите жртви,

loading...
Loading...