Поранешната келнерка од Хутерс напорно работела за да стане претседател на компанијата Цинабон и тоа возраст на 35 години. Кат Кол работела во Хутерс повеќе од 15 години. Почнала да работи како келнерка, за на крај да добие унапредување како потпретседател.Денес, Кол е заслужна за преземање на компанијата Цинабон која произведува полици за супермаркети и има синџири за брза храна, нешто како Тако Бел. Глобалната продажба на компанијата ќе достигне 1 милијарда долари оваа година.
Кол започна да работи во Хутерс кога имала 16 години, за да и помогне на нејзината разведена мајка околу плаќањето сметки. Кога доби диплома за инженер, Кол стана извршен директор и започна да им врши обука на вработените.
И покрај нејзиниот статус како лидер на познатата компанија, Кол остана скромна. Таа и нејзиниот долгогодишен дечко живеат во куќа од 3000 квадратни метри, која е изградена во 1968 година во Атланта. Едната соба е преополна со нејзини уметнички слики, додека во другата соба има лакови и стрели, пушки бидејќи нејзиниот дечко е страствен ловец. Инаку, Кол вози Мерцедес стар 9 години, а екранот на нејзиниот iPhone е разбиен.“Денес, Кол е заслужна за преземање на компанијата Цинабон која произведува полици за супермаркети и има синџири за брза храна, нешто како Тако Бел.



