Поранешна робинка на Исламската држава: Се изживуваа на мене се додека не се онесвестев!

Надиа Мурад Таха, млада девојка која три месеци била во заробешиштво на Исламскаа држава пред заседанието на ОН детално опишала каква тортура преживеала.Нејзиниот пекол почнал на северот на Ирак кога џихадистите  упаднале во нејзиното село во август минатата година и ја одвеле во Мосул.
„Довезоа автобуси и во нив натоварија 150 семејства. Не малтретираа  цело време додека патувавме, не тепаа и „допираа““, ја почнала својата приказна Надиа која не ни помислувала дека најлошото штотуку доаѓа.
„Не одведоа во некоја зграда која беше полна со заробени јазиди. Не имаше неколку илјади. Жените и децата ги разменуваа како подароци. Во еден момент ми пријде еден маж и веднаш ме повлече  за рака. Сакаше да ме одведе со себе. Гледав во подот, бев ужасната. Кога го кренав погледот, видов огромен маж. Изгледаше како чудовиште“, додала таа.
Надиа тогаш потполно се избезумила, почнала  да плаче.
„Почнав да врескам „јас сум премлада, а ти си огромен“. Ми удри шамар, а потоа и ме претепа“.
Неколку минути подцна ѝ пришол друг маж.

 
„Овој беше доста помал, а јас го молев да ме земе со себе. Едноставно, оној првиот толку ме исплаши  што бев подготвена на се друго…
Прво ме праша да ја променам религијата, што секако одбив. А потоа ме праша и да се омажам за него“.
Потоа тој терорист ја фатил за рака и  ја одвел во својата соба.
„Тоа беше ноќ од пеколот! Прво ме претепа, а потоа ми рече да соблечам се од себе. Потоа ги повика стражарите кои се изживуваа на мене  се додека не се онесвестив“.
Младата деојка со сојата приказна потполно ги шокирала членовите на ОН. Кога завршила, само им порачала:
„Ве преколнувам, уништете ја потполно Исламската држава.
Нејзиниот пекол почнал на северот на Ирак кога џихадистите  упаднале во нејзиното село во август минатата година и ја одвеле во Мосул.

Пронајдете не на следниве мрежи: