Човекот се нашол во многу непријатна ситуација кога неговата сегашна и поранешна девојка скокнале во река за да видат која ја сака повеќе, односно која ќе ја спаси.Збунетиот Ву Хсиа (21) ја прекинал врската со Јун Танг(20) откако ја запознал новата љубовРонг Тсао (22). Но, во текот на следните три месеци, упорната Јун постојано му додевала барајќи да ѝ се врати, па Ву одлучил да договори состанок на кој ќе се сретнат тројцата.
„Ми дојде преку глава од поранешната и сегашната девојка. Ронг приговараше поради Јун, а Јун поради Ронг, а тоа беше премногу за мене.
Но, кога се сретнале, ситуацијата само се влошила.
„Девојките почнале да се караат, а поранешната девојка била повредена од коментарите на сегашната девојка, па скокнала во реката и го довикувала своето поранешно момче да ја спаси“, вели потпаролот на полицијата.
Новата девојка се исплашила дека нејзиното момче навистина би можело да скокне да ја спаси поранешната девојка, па така и таа скокнала во водата. Тогаш и двете го викале да ги спаси да не се удават.
Ву скокнал во реката и ја извлекол својата сегашна девојка, а потоа полесно повредената девојка ја однел во болница.
На пат кон болницата му се јавил на братот и му рекол да оди до реката и да ја извади поранешната девојка. Неговиот брат ги повикал пожарникарите кои ѝ помогнале на Јун да излезе од вода.
И таа била одведена во болница, но сепак се завршило без потешки повреди.Збунетиот Ву Хсиа (21) ја прекинал врската со Јун Танг(20) откако ја запознал новата љубовРонг Тсао (22). Но, во текот на следните три месеци, упор



