Поранешната сопруга на Доналд Трамп откри СОЧНИ детали за неговата МАШКОСТ

Можноста Доналд Трамп да стане новиот претседател на САД и понатаму ги шокира голем број од граѓаните на оваа земја.Првата сопруга на Трамп, Ивана откри дека Доналд долго ја планирал кандидатурата, но разводот со неа му го нарушил политичкиот план.
Ивана Трамп беше во брак со Доналд од 1977 ди 1992 година и таа и понатаму го поддржува во неговите политички амбиции, иако нивниот брак заврши со неверство на Трамп.
„Пет години пред нашиот развод му беше предложено да се кандидира за претседател. Но тогаш се случи разводот и целиот скандал со неверството. Американците ме сакаа мене, а го мразеа него, па поради тоа ја стави политичката кариера во втор план“ – изјави Ивана, која Трамп ја изневери со Марла Маплес.
Ивана Трамп сега се обвинува себе си бидејќи смета дека неговата политичка кариера требало да започне порано.

 
Трамп со втората сопруга Марла ја доби ќерката Тифани, а големото потомство, како што тврди Ивана е доказ за неговата машкост.
„Кога би имал проблеми доле, не би имал пет деца“ – изјави поранешната сопруга.
Ивана најмногу шокираше со својата изјава во врска со мигрантите.
-Немам ништо против нив, но замислете деветнаесет годишна мигрантка бремена да го прескочи ѕидот, ќе се породи бесплатно во американска болница, детето автоматски ќе и стане американски државјанин, а потоа ќе го донесе и целото семејство. Не плаќаат даноци, не работат, добиваат од државата стан и храна. Кој плаќа за тоа? Па, јас и вие. Да не ме сфатите погрешно, мигрантите ни се потребни, бидејќи кој ќе ни ги чисти куќите ако не тие. Американците не сакаат тоа да го работат,  заклучи Ивана Трамп.Првата сопруга на Трамп, Ивана откри дека Доналд долго ја планирал кандидатурата, но разводот со неа му го нарушил политичкиот план.
Ивана

Пронајдете не на следниве мрежи: