Недомаќинското работење на поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески излегува на површина. Секојдневно се разоткриваат фрапантни податоци за раководењето на општина Охрид од страна на Петрески.
Поради недомаќинското работење, Александар Петрески го остави Охрид во долгови до гуша. Огромни се долговите кои ги има општината кон правните субјекти, на кои им должи неверојатни суми на средства. Инспекциските контроли кои прават анализа на финансиската ситуација се соочуваат со стотици предмети за кои локалната самоуправа има обврска за исплата на големи финансиски средства.
Заеднички именител на сите дубиози е недомаќинското трошење на огромни средства пари од граѓаните на Охрид за свои лични потреби или задоволување на потребите на своите блиски пријатели и соработници.
Според податоците до кои дојде Курир, Петрески потрошил 4,5 милиони денари за ресторански услуги само во 2012 година. Во два ресторана во Охрид за една година направил цех од близу 700.000 денари. Тоа се ресторани чии сопственици се блиски луѓе на Петрески.
Интересен е податокот дека фактурираните суми се веднаш исплатени во целост од страна на општинската каса. Инаку, Општина Охрид располага и со сопствена менза, но тоа не го спречило Петрески да организира ручеци низ охридските ресторани, иако немало потреба за тоа.
Петрески наместо во општината, послатко му било јадењето во охридските ресторани платено со парите на охриѓани. Со 4,5 милиони денари колку што Петрески потрошил за само една година може да се направат и реконструираат десетина локални патишта, да се реконструираат најмалку две училишта или да се изградат нови паркови за најмладите. Сепак, на Петрески поважно му било трошењето на општински пари по охридските ресторани.
Како работел тимот на поранешниот градоначалник на Охрид говори и податокот дека само во 2012 година на име трошоци за мобилна телефонија, општината платила близу два ипол милиони денари за повеќе од 90 службени мобилни телефони, кои ги користеле лица во општината без никаков правилник за користење на службени мобилни телефони. Само на име на градоначалникот Петрески се воделе 6 телефонски броеви.
Од друга страна, неговитите хирови се одразуваат врз иднината на градот и на охриѓани, посебно врз младата популација. Не случајно, Охрид е град со најголема стапка на емигрирање на младата популација во Република Македонија. Наместо средствата од граѓаните да се употребуваат за создавање услови за развој на градот и создавање на иднина на младите, тие се трошеле ненаменски.
Општина Охрид е убедливо најзадолжената општина во Република Македонија. Нејзиниот долг, заедно со обврските на јавните претпријатија се проценува на неверојатни педесетина милиони евра. Во земјава, а веројатно и пошироко, не постои друга локална самоуправа која има ваков обем на долгување, а штетите од прекумерното и неразумно задолжување трошење на Петрески ќе бидат долгогодишни.Недомаќинското работење на поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески излегува на површина. Секојдневно се разоткриваат фрапант