Свечената церемонија ќе се случи на плоштадот Св. Петар во Ватикан, а ќе ја предводи сегашниот папа Франциско.Ватикан неодамна, по долго разгледување и истражување на животите на папите Јован 23ти и Јован Павле 2ри, донесе одлука истите да ги прогласи за светци. Како ден за оваа церемонија е одбран 27 Април, денот на Световното Божјо Милосрдие, празник кој го воспостави папата Јован Павле 2ри.
Иако главниот критериум на Ватикан за прогласување на едно лице за свето се барем две чудотворни оздравувања, тие решиле за овие двајца да направат исклучок.
Папата Јован 23ти починал во 1963 година, но по неговата смрт, во 1966 година се случило чудесното оздравување на чесната сестра Катерина Капитани. Таа била дури 14 пати оперирана, но успеала да поживее до 2010 година, а таа заслуга денес повеќемина ја препишуваат на папата Јован 23ти.
За папата Јован Павле 2ри пак, се верува дека ја излекувал чесната сестра Мери Симон Пиер Нормад од паркинсонова болест. Во Костарика пак, Флорибет Мора Дијаз, жена која преживеала мозочен удар и била неподвижна, па од својот кревет на телевизија ја гледала беатификацијата на папата Јован Павле 2ри, и наредниот ден чудесно станала од кревето и се чувствувала одлично. Сегашниот папа Францис му го припишува ова на Папата Јован павле 2ри како второ чудо.Ватикан неодамна, по долго разгледување и истражување на животите на папите Јован 23ти и Јован Павле 2ри, донесе одлука истите да ги прогласи за св
Пронајдете не на следниве мрежи: