Голем е револтот кај сега веќе поранешните пратеници на СДСМ кои останааа извисени од партискиот лидер Зоран Заев и не се најдоа на изборните листи за изборите закажани на 11-ти декември. Дури 13 пратеници од вкупно 25, меѓу кои и координаторот на пратеничката група Горан Сугарески не се најдоа на листите на СДСМ.Имињата на Софија Куновска, Лидија Димова, Ален Ѓеоргиев, Марјанчо Николов, Стојко Пауновски, Панче Орцев, Миле Андонов, Марјан Даскаловски, Љубиша Николиќ, Јулијана Силјановска, Биљана Настеска, Благоја Стојановски и на координаторот Горан Сугарески не се на официјалните листи кои вчера ги претстави Заев.
Дел од ове пратеници реагираат дека се чувствуваат изиграно и изманипулирано, најмногу поради тоа што минатата година Заев лично им ветувал да издржат и да не влегуваат во Парламентот, бидејќи истата пратеничка група ќе остане и наредниот мандат. Сепак, ваквите ветувања на Заев вчера и официјално паднаа во вода, а пратениците останаа со празни раце.
Меѓу другите, во новиот состав нема да биде претседателот на најголемата општинска организација на СДСМ, првиот човек на ОО на социјалдемократите во Струмица, Марјан Даскаловски. Според информациите, во Струмица веста ја примиле со негодување и револт.
-Како е можно сите претседатели да бидат на листа, а само нашиот кој што е најдобар и носи победи да не биде. Даскаловски е добар за претседател, а лош за пратеник? Ова е преседан!, реагирале синоќа членовите пред општинскиот комитет на партијата.
И најголемиот опонент на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски- Циц, Максим Димитриев се најде на добитно место во втората изборна едница. Со ова, велат упатените, градоначалникот целосно ќе се пасивизира на овие избори и во Куманово целосно ќе се изгуби.
-Цело време се бориме за деполитизација за институциите и професионализација, а сега министерот во МВР си се згрижи на пратенички листи. За кого ќе работи сега МВР, дали сега е нормално да работи за СДСМ. Која е пораката од овој чекор. Граѓаните се чувствуваат изневерено, реагираат изреволтираните членови.
Според упатените, ваквата постапка на раководството на партијата е сигурен сигнал дека СДСМ ќе доживее пораз и врвот на партијата целосно си се згрижил на пратеничките листи.
Симболот на „шарените“, лицето кое го возеше “пикапот“, Лидија Димова исто така не се најде на листитие. Отстранет е и докторот Ален Ѓеоргиев од Штип, и покрај силните декларирања дека на листите имало интелектуалци. Револт постои и кај Самка Ибраимоски и останатите коалициони партнери.
Посебно револт има за поставувањето на Лилјана Поповска и Ферид Мухиќ на високи позиции. Токму поради присуството на Поповска, оставка си поднесе Софија Куновска, која беше дел од претходниот парламентарен состав.
Во Битола пак, постои голем револт за високото место на Васко Ковачевски на листитие. „Повторно ли со Васко, вечниот кандидат“, се дел од коментарите на битолчани. Членовите очекуваа на листите да ги видат претседателот на Изборниот штаб Менде Тасевски, или пак претставничка од Форумот на жени на СДСМ.Имињата на Софија Куновска, Лидија Димова, Ален Ѓеоргиев, Марјанчо Николов, Стојко Пауновски, Панче Орцев, Миле Андонов, Марјан Даскаловски, Љубиша