ПОРЕМЕТУВАЊЕ кое е тешко да се сфати: Ја допирате ли често косата, можно е да имате СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ

Лицата кои се опседнати со допирање на кожата и повлекување на врвовите од косата всушност имаат пореметување на контролата на импулсот кој во медицината е познат како дерматиломанија и трихотиломанија.Овие видови опсесивно пореметување всушност се начин на кој некои личности се обидуваат да се изборат со тешкотијата и стресот, пишува „The sun“.
Хуманитарните организации кои се посветени на овој проблем продаваат нараквици кои изгледаат како „lucky charm“ нараквици познати по тоа што можат да ја пренасочуваат енергијата.
Од една британска непрофитна организација која продава вакви нараквици велат дека лицата кои имаат трихотиломанија ја кубат косата, но и трепките, веѓите, влакната од брадата, срамните влакна па дури и влакната од домашните миленици. „Тоа се посебни состојби и лицата со ова пореметување често ги прикриваат со шминка или избегнување контакт со очите.
Трихотиломанијата во главно тешко може да се сфати, па лицата кои патат од ова пореметување често социјално се повлекуваат“, велат од оваа организација. Ја скубела косата и додека доела
Една 34–годишна жена вели дека навиката на скубење на косата ја стекнала во тинејџерските денови и ја задржала до денес и додава дека не е горда на тоа, но не може да престане.
„Понекогаш ја допирам косата и во јавност, во автобус или на работа. Кога станав мајка го правев тоа и додека го доев детето“, вели таа.
Доктор Давид Кингсли, претставникот на Светското здружение на триголози, вели дека на оние лица ксо вакво пореметување многу им е тешко да престанат со тоа што го прават.
Но, многумина веруваат дека накитот кој ја пренасочува енергијата може барем на кратко тоа да го поправи.
Терапијата подразбира когнитивно бихевиорална терапија и хипноза. Без третирање трихотиломанијата може да стане опсесивна, а наводно овие нараквици се од колема помош, пренесува Нет.хр.
 Овие видови опсесивно пореметување всушност се начин на кој некои личности се обидуваат да се изборат со тешкотијата и стресот, пишува „The s

Пронајдете не на следниве мрежи: