Порно ѕвезди откриваат КАКО нивните родители реагирале кога дознале со што се занимаваат!

Разговорот со родителите во врска со сексот секогаш е незгоден, но замислете како би се чувствувале кога би требало да ги известите дека заработувате за живот со снимање на порно филмови.Три порно ѕвезди открија како на своите семејства им ја пренеле веста за својата кариера во новата книга со наслов Coming out like a porn star.
Синамон Максин (28) од Сан Франциско, открила дека нејзината маќеа и татко полуделе кога преку интернет откриле дека снима порно филмови.
Откако не им се јавувала скоро месец дена, нејзината маќеа Пола се јавила и ѝ рекла: „Ги пронајдов твоите видеа“.
Ѝ рекла дека е разочарана и дека нејзината кариера претставува чекор назад за феминизмот, на што Синамон одговорила дека идејата да се биде горд на сопственото тело е „вистински феминизам“.
Нејзиниот татко ја прашал дали се занимава со снимање на филмови за возрасни затоа што била сексуално злоставувана.
„Тоа беше такво клише. Не беа подготвени да зборуваат што всушност значи порнографијата“ – вели Синамон.
За разлика од таткото и маќеата кои година дена не сакале да разговараат со неа, нејзината мајка ја прифатила професијата со којашто се занимава.

Баш како и Синамон, тајната на Џеси Џекмен (42) од Бостон ја открила неговата мајка Марлин на интернет.
Кога во историјата на пребарувачот видел дека неговата мајка ја открила неговата „тајна страна“, почнал да паничи.
„Бев испаничен. Таа е еврејска самохрана мајка и ме одгледа во тешки услови“ – рекол Џеси.
Но, неговата мајка го прифатила неговиот избор. Единствената работа којашто ја загрижувала е дали Џеси користи кондоми.

Порно ѕвездата Џоана Ејнџел (34) од Лос Анџелес, исто така имала среќа откако нејзините родители дознале со што се занимава, иако имала само 21 година кога им ја рекла вистината.
Тие дури и ја бранеле од злобните коментари на роднините.
„Не попувајте ни како треба да ја воспитуваме ќерката“ – им велеле на тетките и вујните коишто им се лутеле на родителите што не ѝ забраниле на Џоана да се занимава со порнографија.
Во меѓувреме, нејзината страница станала позната и луѓето почнале да ја препознаваат.Три порно ѕвезди открија како на своите семејства им ја пренеле веста за својата кариера во новата книга со наслов Coming out like a porn star.

Пронајдете не на следниве мрежи: