Porsche во светски рамки испорача повеќе од 20 000 нови автомобили кон клиентите во месец мај

Porsche AG го зголеми бројот на испораки во мај 2015 година и тоа за една четвртина во споредба со истиот месец минатата година. Во светски рамки производителот на спортски автомобил предаде повеќе од 20 500 нови автомобили кон клиентите. Со тоа Porsche испорача вкупно  93 000 возила во 2015 година што е зголемување за 30,3% во споредба со претходната година.”Ние повторно ги надминавме нашите поставени цели во месец мај”, изјави Бернард Маер, член на извршниот одбор за продажба и маркетинг во Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG и додаде „Особено успеавме да ја зголемиме продажбата на кинескиот пазар и во Европа.”
Во мај оваа година, Porsche на кинескиот пазар забележа раст од 70% во споредба со месец мај минатата година. Точно 5 391 возила им беа предадени на клиентите. Во Европа, производителот на спортски автомобил со седиште во Штутгарт оствари раст за една петтина повеќе во споредба со минатата година или поточно 7 000 испорачани автомобили. Домашниот пазар, Германија, најмногу придонесе кон овој успех, вкупно 2721 клиенти имаа можност да се радуваат на своите нови спортски автомобил,  со оваа бројка забележано е зголемување на германскиот пазар за 20,3%.Традиционално, во САД и понатаму најмногу се испорачува моделот 911. Околу 900 спортски автомобилски икони им беа испорачани на американските клиенти во месец мај оваа година. Во светски рамки, компанијата од Штутгарт испорача 3.000 спортски автомобили со мотор со заден погон. Бројот на продадени Cayman модели исто така се зголеми во споредба со истиот месец минатата година: секое десетто спортско купе со мотор поставен во средината беше од спортската верзија CaymanGT4.”Ние повторно ги надминавме нашите поставени цели во месец мај”, изјави Бернард Маер, член на извршниот одбор за продажба и маркетинг во Dr. I

Пронајдете не на следниве мрежи: