Откако објавија тизер кој го покажува задниот дел на новата Panamera, од Porsche ја продолжија серијата со дизајнерска скица на силуетата на следната генерација на моделот.Предниот спојлер и вентили се исполнети во стилот на 718 Boxster и 718 Cayman, додека обликот на задните светла потсетува на хибриднното комбе Panamera Sport Turismo од 2012 година.
Претходно, на интернет се појавија и шпионски фотографии од ентериерот на Panamera. Од нив се гледа дека целосно нови се централниот сензорен панел кој ќе ги отстрани повеќето копчиња, рачката на менувачот, копчињата околу него и воланот.
Во основата на моделот стои модулната платформа MSB на VW Group. Благодарение на неа, новиот модел ќе олесни со најмалку 90 кг.
Во палетата на мотори ќе фигурираат нови 6- и 8-цилиндрични бензински и дизел мотори.
Во бензинската палета ќе влезат 4,0-литарски битурбо V8, кој ќе го замени сегашниот 4,8-литарски „осмак“. Моќноста на новиот мотор во Panamera Turbo ќе е 550 КС и 770 Нм вртежен момент. При модификацијата, Turbo S параметрите ќе се зголемат на 600 КС и 810 Нм.
Дизел моторната палета ќе ја пополни 4,0-литарски V8 со три турбополначи (две стандардни турбини и едно електрично турбо), кое дебитираше во Audi SQ7. Кај него тој генерира 435 КС и 900 Нм вртежен момент.
Јавната премиера на Porsche Panamera ќе се одржи во салонот во Париз во октомври, но на интернет ќе се појави кон крајот на јуни.Предниот спојлер и вентили се исполнети во стилот на 718 Boxster и 718 Cayman, додека обликот на задните светла потсетува на хибриднното комбе Pana