Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната денеска се очекува да објават дека Шпанија и Португалија не ги поддржуваат буџетските правила на ЕУ, со што се отвора пат за воведување санкции кон нив.Според дипломатски избори во Брисел, евентуална одлука на Еврогрупата за санкции би била настан без преседан во досегашната историја на Европската монетарна унија.
Ваквата можност синоќа ја најави претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, кој по завршувањето на состанокот на министрите за финансии од еврозоната, изјави дека во врска со ова прашање денеска ќе биде доставена препорака до Европската комисија, која уште во четвртокот ги обвини Мадрид и Лисабон за непочитување на буџетските правила.
Еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси тогаш најави дека во рок од 20 дена Европската комисија ќе реши какви мерки ќе преземе против двете земји.
– Максималната парична казна која може да им биде изречена изнесува 0,2 проценти од висината на БДП, истака Московиси, додавајќи дека е можно Еврокомисијата да предложи и замрзнување на дел од стредствата од структурните фондови на ЕУ предвидени за Шпанија и Португалија за 2017 година.
Според дипломатски извори, би можело да бидат замрзнати 1,3 милијарди евра од средствата предвидени за Шпанија за следната година и 500 милиони евра од сумата наменета за Португалија.
По денешната препорака на Еврогрупата, Шпанија и Портигалија ќе имаат рок од 10 дена да дадат објаснување за причините за прекршување на правилата.
Правилата на ЕУ предвидуваат буџетскот дефицит на една земја членка да не надминува три проценти од БДП. Лани шпанскиот дефицит изнесуваше пет отсто од БДП, а португалскиот 4,4 проценти.Според дипломатски избори во Брисел, евентуална одлука на Еврогрупата за санкции би била настан без преседан во досегашната историја на Европската