Поруските активисти го заземаа градот Северск

Од зградите на локалната градска управа и полицијата е тргнато украинското знаме, а на неговото место стои знамето на самопрогласената Република Донецк. Локалните власти објавија дека ќе соработуваат со активистите.Активистите на самопрогласената Народна Република Донецк имаат целосна контрола над градот Северск во областа Донецк, на истокот од Украина – објавија руските медиуми.
Преку 20 припадници на Народна Република Донецк денеска пристигнаа во Северск, а на плоштадот пред градската управа им се придружија повеќе десетици граѓани. По кратките преговори, проруските активисти и полицајци соопштија дека градот официјално е под управа на Република Донецк – се наведува во извештајот.
Не е испален ниту еден куршум за време на преземањето на зградите, а полицијата објави дека и понатаму ќе продолжи да го одржува редот во градот, но сега во соработка со активистите.
Северск е град со околу 12.000 жители и се наоѓа во округот Артјом, во областа Донецк.Активистите на самопрогласената Народна Република Донецк имаат целосна контрола над градот Северск во областа Донецк, на истокот од Украина – објав

Пронајдете не на следниве мрежи: