Посакајте им добредојде на КОШМАРИТЕ и погледнете какви жаби-мутанти се појавија

Научниците во Русија открија десетици бизарни жаби што станале проѕирни заради мутација предизвикана од индустриското загадување.Бројот на мутираните чудовишта изнесува околу 40, а кожата на некои од нив била толку проѕирна, што освен органите, се гледа и како чукаат срцата.
Освен кожата, жабите имаат и целосно црни очи, што придонесува во нивниот вонземски изглед.
Причината за оваа состојба е високозагадената индустриска област во која жабите ги положувале јајцата. Хемикалиите во водата, пак, прават жабите да ја изгубат пигментацијата на кожата.
На жабите ќе бидат извешени серија тестови за да се одредат точните фактори што придонеле за состојбата. Сепак, речиси со сигурност се знае дека загадувањето е причина, ако се земе во предвид фактот дека во езерата во таа област во минатото се истураа толку многу хемикалии, што бојата им беше портокалова.
Можеби најразочарувачкиот факт е оној дека овие жаби-мутанти најверојатно нема да станат нинџи и да се борат против криминалот.
Бројот на мутираните чудовишта изнесува околу 40, а кожата на некои од нив била толку проѕирна, што освен органите, се гледа и како чукаат срцата.

Пронајдете не на следниве мрежи: