Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, во четврток доаѓа во Република Македонија, во време кога во земјата се водат разговори за формирање на Влада по парламентарните избори на 11 декември минатата година.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од канцеларијата на Хан потврдија дека еврокомесарот ќе биде во Скопје на 9-ти овој месец за да учествува на министерскио состанок посветен на енергетиката во рамки на процесот „Шест западно-балкански држави“.
– На агендата на комесарот Хан е да дојде во Скопје во четврток. Тој ќе учествува на министерскито состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика (економија) во рамки на “Шест западно-балкански змеји“ процесот. А на маргините на овој состанок, тој ќе има билатерални средби со сите засегнати страни во земјата, соопштија од кабинетот на Хан.
Пристигнувањето на Хан во Македонија доаѓа во период кога во земјата се водат разговори за формирање на влада, па не е исклучено првиот човек за проширување на ЕУ да се обиде да помогне во овој дел.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од канцеларијата на Хан потврдија дека еврокомесарот ќе биде во Скопје на 9-ти овој месец за да учеств