ПОСЕТА ОД РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА: На споменот на светите Кирил и Методиј во манастиот Св.Јован Бигорски!

„Со какви пофални песни да ги прославиме богомудрите учители на народите словенски“, „богомудрите Кирил и Методиј“ – во недоумение се прашува денес црковниот поет. Зашто, со што достојно можеме да им возвратиме на оние што „нè просветлија со светлината на богопознанието“, „нè збогатија со ризницата на Евангелието“ и „нè приведоа кон Пастироначалникот Христа“? Зарем можеме достојно пофално слово да им исткаеме, на оние што со Словото Божјо нè просветија? Зарем можеме достоен дар да им принесеме на оние што Христа ни Го даруваа? Но, тие како добри духовни родители на народите словенски, од нас, нивните деца, само нашата радост и љубов во Христа ја бараат.А надоена со оваа радост и љубов од својот Старец, Архимандрит Партениј, чиешто срце дише со светиот Кирило-методиевски евангелски дах, Бигорската Обител секогаш се труди што подостојно да го прослави нивниот сечесен спомен. И ноќното бдение, и денешната Света Литургија беа смирен одраз на нашата бескрајна благодарност кон Светите Првоучители и духовни Родоначалници.
Оваа година, пак, тие ни го збогатија празничното ликување со посетата на Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Петерхофски, г. Амвросиј, ректор на Санкт-петербуршката духовна академија и семинарија, кој дојде кај нас на иницијатива на ректорот на нашиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, г. Велимир Стојковски. Нашето братство и присутните верници со голема љубов го дочекаа ценетиот гостин од православна Русија, а Старецот Партениј, од името на сите, го поздрави со пригодна беседа: 
„Ваше Високопреосвештенство, Архиепископ Петерхофски и ректор на Санкт-Петербуршката духовна академија и семинарија, г. Амвросиј!
Вашата посета на Свештената Бигорска Обител ја сметаме како јасен израз на големата Божја милост кон нас, милост според која, на овој ден на православно сесловенско торжество, се удостоивме со архиерејско присуство, преку Вашата богопоросветлена личност, дотолку повеќе што ни доаѓате од православната, братска Русија. Особена чест и радост ни е што благоволивте да дојдете кај нас денес, на споменот на Светите Рамноапостолни Браќа Кирил и Методиј, на тие молитвени застапници за родот словенски и огнени столбови што горат крај Престолот Божји за целото човештво. Веруваме дека токму нивниот благослов Ве донесе сега овде, во овој древен Манастир, еден од првите словенски општежителни манастири воопшто, кој за четири години ќе го слави своето илјадалетие.Ваше Високопреосвештенство, благодарејќи Ви што нè удостоивте со Вашата посета, ги просиме Вашите свети молитви и Вашиот архипастирски благослов. Но, и како наш ценет гостин од православна Русија, вековната покровителка на православните словенски народи, го просиме и Вашето застапништво за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква, во чие лице денес е возобновена славната Охридската Архиепископија, која некогаш учествувала во покрстувањето на Света Рус, и со тоа духовно ги сродила нашите православни народи. Ве молиме да ни простите што во овој радосен и свечен миг Ви го спомнуваме тоа, но, навистина, голема рана претставува за нас тоа што денес славната Охридска Архиепископија, поради неоснованото негирање и жестокосрдечноста на дел од клирот на Српската Православна Црква, претрпува неправедна изолација од православната екумена, и што ние, нејзините духовни чеда, не сме, не по наша волја и вина, во евхаристичко општење со нашите православни браќа во Христа.
Ви благодариме и Вам, достојнопочитуван ректоре на нашиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, г. Велимир Стојковски, што бевте иницијатор за денешнава, за нас толку драгоцена, средба. Ќе ја искористам оваа прилика да Ви го честитам патрониот празник, а воедно и да Ви посакам и понатаму верно и успешно да го продолжите светото Кирило-методиевско дело.
Благодарни за прекрасниот дар што ни го приредивте денес преку Вашето доаѓање, Ве поздравуваме со секогаш радосниот пасхален поздрав:
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!“
Од своја страна и Архиепископот Амвросиј го поздрави Старецот и нашето братство со топло и срдечно слово:
Ваше Високопреподобие, отец Игумен, Архимандрит Партениј, почитуван господине Ректор,
Христос воскресе!
Срдечно ви благодарам за топлиот прием и ви го честитам празникот на Светите Рамноапостолни Методиј и Кирил, празник кој особено е трепетно да се празнува во земја што е поврзана со овие Светии.Дојдов во Македонија за да ја продлабочиме соработката со Универзитетот во Скопје, на покана од господинот Ректор, со кого веќе, на големо задоволство, не нѐ поврзуваат само деловните контакти, туку и дружбата. Постигнавме договор и верувам дека тој ќе го доживее и своето продолжение, посебно ако се земе во предвид дека во последните години на Санкт-Петербуршката Духовна Академија студираа шест студенти од Македонија. Тие кај нас не само што учат богословие и Руски јазик, туку со нас и се молат, земаат учество во богослужбите, се причестуваат со светите Христови Тајни.
Знаете дека Руската Црква вложи и вложува не малку усилби за да се обноват преговорите помеѓу Српската Црква и Православната Црква во Македонија, а ние се молиме тие преговори да влезат во активна фаза и да вродат со добри плодови.
Македонскиот народ е православен народ и моја искрена желба е Православието не само да се запази, туку и да се умножува и проповеда по сите краишта на земјата. Многу ми е драго што денес сум во овој древен манастир, каде што навистина се чувствува духот на древното монаштво, духот на светогорското монаштво. Ви благодарам што го негувате тој дух и го умножувате монаштвото во Македонската земја и ја продолжувате таа исихастичка традиција, без која Црквата едноставно не може да дише. Да ве благослови Бог.А надоена со оваа радост и љубов од својот Старец, Архимандрит Партениј, чиешто срце дише со светиот Кирило-методиевски евангелски дах, Бигорската

Пронајдете не на следниве мрежи: