ПОСЕТИЛЕ БАНКА ЗА СПЕРМА ЗА ДА ДОБИЈАТ ДЕТЕ: По 9 месеци добиле нешто што не го очекувале!

Жена од Охајо тужи една банка за сперма, бидејќи ги замениле донорите и ѝ дале сперма од афроамериканец, наместо од белецот кој таа и нејзината партнерка го одбрале.Џенифер Крамблет (36), се појави во медиумите откако ја тужела банката за сперма во близина на Чикаго за „измама“, бидејќи ѝ дале сперма од донорот под број 330, наместо 380.
Крамблет во разговорот за Huffington Post кажа дека таа и нејзината партнерка Аманда Цинкон сакале детето физички да потсетува на нив, а после часови и часови прегледување на профилите од донорите, конечно нашле некој што им одговара – маж со руса коса и сини очи кој наликувал на Цинкон. Сепак, не ја добиле спермата која ја сакале и која ја платиле.
„Ова не е расно прашање, ја сакаме – таа е исполнување на нашите соништа. Луѓето мислат дека не го сакаме ова дете поради бојата на нејзината кожа, но тоа не е вистина и многу ме лути“, изјави Крамблет за својата тригодишна ќерка Пејтон.

Меѓутоа, бидејќи Пејтон не е целосно бела, Џенифер вели дека семејството мора да се отсели од својот дом во Охајо, местото кое го опиша како „бела, конзервативна и расно нетолерантна средина“.
„Ова не е Лос Анџелес или Њујорк, ние не сме на брег, ние сме на фарма. Загрижена сум за Пејтон. Да бидеш лезбејка во мала средина е тешко, не ми беше едноставно додека растев, не сакам и таа да мора да поминува низ тоа“, додаде Џенифер.
Иако жената кажа дека сѐ уште никој не бил отворено агресивен кон нејзината ќерка, дури и добронамерните коментари ги доведуваат во непријатна ситуација, а тоа се особено оние во кои се зборува дека Пејтон е „посвоена“.
Банката со тек на време престанала да одговара на нејзините повици, а примила писмо во кое ѝ се извинуваат за пропустот и и` ги враќаат парите. Нивниот адвокат ќе ја тужи банката.
„Ова не е 1954-та година, туку 2016-та. Банката за сперма во која вработените рачно ги запишуваат броевите на примероците е страшна глупост“, изјавил нивниот адвокат.Џенифер Крамблет (36), се појави во медиумите откако ја тужела банката за сперма во близина на Чикаго за „измама“, бидејќи ѝ дале

Пронајдете не на следниве мрежи: