ПОСКАПИ ЛЕТУВАЊА: Грците го зголемуваат данокот сѐ што можете да замислите!

Според пишувањата на грчкиот весник Катимерини, данокот за хотелите ќе биде зголемен на 13% од моменталните 6,5%, во склад со направениот договор со кредиторите и ќе стапи на сила од 1. октомври оваа година. Ова ќе доведе до поскапување на сите капацитети за сместување, но и на услугите во хотелите.Во групата на роба и услуги на кои ќе им се зголеми ДДВ-то на 23%, се и некои прехранбени производи, карти, превозот (автобуси, авиони, бродови, …) и такси услугите.
Се очекува и поскапување на струјата и водата за 13%, како и на уште некои основни животни намирници.
Данокот на островите ќе се зголеми во неколку фази, почнувајќи од 2016 година за оние со најголеми приходи, додека на најоддалечените места ќе останат старите и пониски даночни стапки.
Со стапката од 23%, наместо сегашната од 13%, ќе се оданочат и добитокот, мисирките, зајаците, растителните продукти, шеќерот, оцетот, пестицидите, кондомите, дрвата за огрев, пешкирите и возилата за транспорт на повеќе од 10 лица.
Она што е посебно интересно е дека и ретроактивно ќе се зголеми солидарниот данок на лицата со годишни примања поголеми од 30.000 евра.
Така, Грците со примања помеѓу 30.001-50.000 евра ќе плаќаат данок од 2% (наместо досегашните 1,4%), а оние во категоријата од 50.001-100.000 евра ќе плаќаат 4% (наместо досегашните 2,1%).
За годишните приходи помеѓу 100.001-500.000 евра, стапката ќе скокне од 2,8% на 6%, а за оние коишто заработуваат повеќе од половина милион евра се предвидува зголемување на 8% (од досегашните 2,8%).Во групата на роба и услуги на кои ќе им се зголеми ДДВ-то на 23%, се и некои прехранбени производи, карти, превозот (автобуси, авиони, бродови, ..

Пронајдете не на следниве мрежи: