Поскапите лекови навистина се делотворни, но вие не насетувате зошто!

Кога се работи за избор на разни продукти, секогаш сметаме дека поскапите работи се поквалитетни. Верувале или, не истото важи и при изборот на лекарства.Истражување открило дека пациентите кои боледуваат од Паркинсонова болест очекувале дека лекот кој чини 1000 фунти ќе биде поделотворен од поевтините варијанти, оние од 65 фунти. А благодарение на тој став, нивните симптоми се подобриле по користењето на скапиот лек.
Но она што е уште поинтересно е што ниту еден од понудените лекови не бил вистински. Всушност, и двата „лека“ биле овична солена вода.
Универзитет во Синсинати покажал дека позитивното размислување и очекувањата можат и тоа како да го подобрат здравјето, а пронаоѓањето на начин да се искористи моќта на самоуверувањето може да ги направи лековите уште поделотворни. Исто така, благодарение на ова откритие би можела да се намали конзумацијата на лекарства, што би ги намалило трошоците и нуспојавите.
Инаку, заболените од Паркинсонова болест изложени се на низа негативни појави, а позитивните појави од овој пласибо ефект би можеле и  тоа како да помогнат. Нивните симптоми се појавуваат поради недостаток на допамин, а исчекувањето ја зголемува го зголемува нивото на овој невротрансмитер.
Интересно е тоа што од 12 испитаници кои  учествувале во испитувањето на крајот 8 откако дознале за пласибо ефектот, признале дека имале големи очекувања од поскапиот лек и биле воодушевени од тоа колку влијаело на нивното здравје тоа очекување. Останатите признале дека немале никакви очекувања од скапиот лек,а токму кај нив не ни дошло до  драстични здравствени промени. Истражување открило дека пациентите кои боледуваат од Паркинсонова болест очекувале дека лекот кој чини 1000 фунти ќе биде поделотворен од поевтини

Пронајдете не на следниве мрежи: