Последната работа која Алманда Ерел ја очекувала е да ја најде љубовта на својот живот на денот на погребот на нејзиниот син. Три недели по погребот, Гери Хардвик (17) и Алмеда Ерел се венчале.„Не сум барала млад маж, но Гари случајно се појави. Веднаш знаев дека тој е вистинскиот“, рекла Алманда која е асистент менаџер во супермаркет.
Мајката на четири деца била скршена од болкаоткако го изгубила својот најстар син Роберт, кој добил напад и починал.
„Се вратив на работа во Валмарт, во солзи, а колегите ме прашаа што се случува. Длабоко во себе знаев дека сум во потрага по сродна душа“, вели таа.
Гари, кој секогаш бил привлечен за постарите жени, признал дека е несреќен бидејќи „заглавил во врска со една постара дама (77).
„Таа има најубави сини очи. Кога и кажав на сопругата на Роберт, Лиса дека Алманда ми се допаѓа, ми рече дека и јас ѝ се допаѓам и дека треба да бидеме заедно“, рекол Гари.
Набрзо потоа, се нашле на роденден кај ќерката на Лиса и започнале романса.
Од тој момент се гледале секој ден, две недели подоцна Гари ја запросил, таа прифатила.
Шест дена по просидбата парот се земал, во градината на Лиса каде прв пат се бакнале.
„Беше пекрасно, ни во најлудиот сон не сум го сонувал ова. Таа е жената на моите соништа, а физичката страна на нашиот однос не може да биде подобра“ рекол Гари.„Не сум барала млад маж, но Гари случајно се појави. Веднаш знаев дека тој е вистинскиот“, рекла Алманда која е асистент ме