После 19 години среќен брак, открил дека жена му крие УЖАСНА ТАЈНА: После се, завршил во лудница…

Скоро 2 децении живеел во тотален мрак, а кога ја дознал вистината…Вистината е основа за секоја здрава врска и брак. Сепак, таа не му се насма на Јан од Белгија, кој после 19 години ја открил страшната тајна која ја чувала неговата сопруга.
Јан се заљубил во преубавата Моника од Индонезија и покрај проблемите со имиграционата служба, тие во 1993 година се венчале.
Скоро две децении подоцна, Јан сфатил дека неговата жена крие огромна тајна.
– Моника се родила како машко. Таа била машко. И сега кога ќе се сетам на тоа сознание, целиот се замрзнувам – раскажува Јан.
– Ја донесов во Белгија, што не беше ни малку лесно. Имиграционата служба се сомневаше во нејзиното потекло и детално ги испитуваа документите. Ништо не ми беше јасно, бидејќи ја видов како многу атрактивна жена, немаше никакви особини на машко – додава.
Јан (64) имал 2 деца од првиот брак, па тој и Моника (48) одлучиле дека не сакаат повеќе деца.
Овој човек не бил само на тој начин прелажан. Неговата жена одела толку далеку што користела и влошки за менструација за да го сокрие својот пол.
– Да, имавме секс, но никогаш ништо не забележав, вели Јан.
Се почнало да се распаѓа кога Моника почнала интензивно да работи и се помалку да води сметка за прикривањето на нејзината тајна…

 

– Прво моите деца забележаа дека не е нешто како што треба. Моника сосема се опушти. Почнаа да ја гледаат во ноќни клубови, облечена како проститутка. Често играла со гол стомак и тоа во тие години – објаснува Јан.
Открил и некои љубовни пораки на нејзиниот компјутер, после што избила жестока расправија.
– Еден пријател ми кажа дека се зборува дека мојата жена го променила полот, а и мојот син слушнал за нешто слично – објаснува тој.
Решил да ја стави на тест. И кажал дека ја знае целата приказна и дека ја открил вистината Тогаш Моника признала.
– Ми потврди дека се родила како машко. Почна да ми раскажува за своето минато, но јас ништо не можев да слушам. Пукнав. Не знам што се направив додека полицијата дојде на врата – раскажува Јан.
Тој бил  приведен и веднаш после тоа завршил на психијатар. Се уште се лечи од последиците од шокот, од кои најдиминантна е депресијата. 
Јан барал поништување на бракот, но процесот се уште трае, и се уште му е забрането да ја исфрли од дома. Вистината е основа за секоја здрава врска и брак. Сепак, таа не му се насма на Јан од Белгија, кој после 19 години ја открил страшната тајна

Пронајдете не на следниве мрежи: