После 2 години открила дека момчето и е ЖЕНА: „Имавме секс, го зграбив и закачив нешто…“

Британка ја пријавила во полиција својата познаничка која 2 години се преправала дека и е момче, користејќи вештачки пенис за време на сексот.Во денешно време скоро секој ден можеме да налетаме на бизарни приказни на Интернет, но оваа денешната е хит.
Имено, непозната Британка ја пријавила во полиција својата познаничка која 2 години се преправала дека и е момче, користејќи вештачки пенис за време на сексот.
Колку и да е неверојатна приказната, британски Телеграф ги откри деталите.
Британката на полицијата, а подоцна и пред судот раскажа дека мислела дека води љубов со маж по име Кај Фортун, кој закрепнувал од тумор на мозокот и не сакал никој да му ги види лузните. Но, со време открила дека всушност се работи за нејзината пријателка 25 годишната Гејл Њуленд, која ја наговорила да стави превез на очите за време на нивните сексуални средби, каде наместо вистински работи, користела протетика.
Њуленд моментално се наоѓа на судење каде ја негира вината за пет сексуални напади помеѓу февруари и јуни 2013. На судот е кажано дека жртвата во 2011 добила барање за пријателство на Фејсбук од Кај Фортун кој се претставил дека е половина Филипинец, половина Латино.
Комуницирале исклучиво онлајн, а Кај и рекол дека учествувал во сообраќајка после која му е откриен тумор на мозокот. Се наоѓал на лечење во болница, и не бил во состојба да ја види.
Но, често разговарале преку телефон и жртвата забележала дека Кај има тенок глас.
„Ми рече дека многу сум му помогнала во закрепнувањето и дека тоа би требало да е знак дека треба да се венчаме, да имаме деца и дека ќе правиме многу работи“, вели жртвата.
За тоа време, жртвата ја запознала Њуленд со која станала многу добра пријателка и која тврдела дека го познава Кај. На крајот, жртвата и Кај одлучиле да се најдат во еден хотел.
„Единствен услов кој го имаше, беше да носам превез на очите, бидејќи бил тажен околу неговиот изглед и не можел правилно да оди поради оштетување на живците и мускулите“, раскажува жртвата.
Пред судот ја опиша првата средба:

 
„Кај беше во тоалетот кога влегов во собата. Креветот беше покриен со листови од рози и мечиња. На очите ставив превез за спиење и шал. Тогаш дојде Кај, кој се тресеше. Рече дека сам се одјавил од болница“, наведува жртвата.
Парот потоа водел љубов, а Њуленд тврди дека користела протеза како пенис, пред, играјќи улогата на Кај да каже дека мора да се врати назад во болница.
Исповед на 20 годишна девојка: Што да правам, имав секс со момче од Фејсбук, а  потоа ме избриша и….
После тоа следеле уште неколку средби во хотелот пред Кај да отиде до станата на жртвата.
Опишувајќи ја последната средба, пред да оди во полиција, жртвата наведува:
„Имавме секс и го зграбив за глава, а мојата рака се закачи за нешто. Едноставно не беше вистинско чувство. Седев на креветот, тој стоеше. Нешто во мојата глава врескаше „извади го превезот“, го извадив. Гејл Њуленд стоеше пред мене. Не можев да верувам, рече само „не е тоа што мислиш““, заклучува жртвата. Во денешно време скоро секој ден можеме да налетаме на бизарни приказни на Интернет, но оваа денешната е хит.
Имено, непозната Британка ја

Пронајдете не на следниве мрежи: