четврток, 12 ноември 2026
Најново

После 42 години одлучил да се запознае со жената со која се допишува од дете и…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Педесет и шест годишниот Џорџ Госн од Лонг Ајленд конечно отиде во Сан Диего да ја запознае педесет и четири годишната Лори Герц со која се допишувал, ни помалку ни повеќе – цели 42 години!Почнале да се допишуваат кога тој имал 14 а таа 12 години. Прво таа испратила таканаречено „писмо-синџир“ до 6 лица, и очекувала сите да и вратат – и одговорил само Џорџ.
–  Мислам дека требаше да пратам 6 писма и очекував стотици, а добив само едно – вели Лори, пишува „Inside Edition“.
Од тој момент, тие продолжиле да си праќаат писма следните 42 години, по едно секој месец.
Средбата на „пријателите по писма“ била исклучително срдечна. Џорџ и го покажал првото писмо кое Лори му го пратила како дете. Во него пишува: „Здраво Џорџ. Колку години имаш? Јас имам 12 ипол. Имаш ли браќа или сестри?“
Лори за „Inside Edition“ изјави дека им требале повеќе од 4 децении да се запознаат, бидејќи Џорџ бил многу суеверен и мислел дека ако се видат, тоа ќе им донесе лоша среќа.
– Мислев дека ако ме види, нема да и се допаднам – вели тој.
Џорџ се запознал и со сопругот на Лори, кој вели дека средбата со Џорџ била „како со одамна загубен член од семејството“.
– Чувствувам како да сме пораснале заедно – вели Лори.
Почнале да се допишуваат кога тој имал 14 а таа 12 години. Прво таа испратила таканаречено „писмо-синџир“ до 6 лица, и очекувала сите д

Поврзани вести