Над 240 илјади граѓани во текот на вчерашниот ден излегоа на улица низ цела држава на вкупно 43 места со цел да се спротивстават на тиранската платформа и да го изразат својот револт кон оние кој ја прифатија. Огромната и неочекувана масовност особено во Скопје предизвикало нервоза и кавги меѓу раководните структури на СДСМ.Скопје како град секогаш бил специфичен во однос на народните собири и се карактеризирл со послаб одзив на граѓани на секакви масовни собири, но очигледно тоа не беше случај со вчерашниот граѓански марш на кој присуствуваа според различни проценки со сигурност над 80 илјади скопјани. Притоа не беше забележан организиран превоз од други градови, а низ улиците можеа да се забележат исклучително висок број на градски ликови кои претходно не излегуваа на протест, пишува порталот Журнал.нет.
Токму тоа предизвикало нервоза меѓу скопските сдсмовски општински организации, кои исто како општинските организации на СДСМ од Источна Македонија започнале со гласни критики на лошата проценка на Заев и штетниот договор и сервилноста кон албанските партии која што се одразувала на партискиот рејтинг.
Скопските претседатели на општинските организации, како што пишува Журнал, на генералниот секретар на СДСМ Спасовски му посочиле дека организациската партиска структура трпи огромни штети и слабее до тоа ниво што ќе нема интерес кај членството за некаква активност доколку биде потребна во периодот што следи.
Првиот човек на СДСМ Карпош Душко Весковски на Спасовски му префрлил дека на протестите на За заедничка Македонија освен тоа што се приклучуваат неутрални граѓани, се повеќе има и луѓе кои на последните избори гласале за СДСМ.
Златко Марин од СДСМ Аеродром директно на Заев му рекол дека не може да се бранат позициите на СДСМ за тиранската платформа, и едноставно кај народот тоа не поминува. И тие “кредити” кај народот кои биле заработени од СДСМ за време на шарената револуција сега биле потрошени.
Претседателот на општинската организација на СДСМ од Гази Баба Георгиевски посочил дека може само да се спасат преку целосно и изрично повлекување од платформата, и дека не може СДСМ да замижува што десетици илјади Скопјани протестираат секој ден.
–Во шарената револуција кога ќе соберевме 3 илјади дневно славевме,а сега секој ден излегуваат најмалку тродупло повеќе во Скопје и тоа повеќе од 20 дена. Да не збориме што секојдневно се протестира во сите останати градови. Мора се повлече СДСМ од платформата” рекол Горгиевски.
Заев видно нервозен посочил дека СДСМ мора да издржи по секоја цена викал ако Струмица и струмичани ја издржат платформата, мора тоа да го направат и Скопјани. Од друга страна тој гласно негодувал зошто само тој ја бранел платформата од Тирана, а не го правеле тоа и другите од раководството на СДСМ.
На првите луѓе од СДСМ Скопје им порачал дека партијата мора да преголта и кнедли мислејќи на тиранската платформа и дека СДСМ мора да формира влада и после се друго ќе оди полесно.
-“Да направиме нашите да влезат во инсутициите и кабинетите па после да видите како е заборват на тиранската платформа. Народот ќе се смири бидејќи е со кратка меморија”, изјавил Заев, кој потоа демонстративно го напуштил состанокот, пренесува Журнал.Скопје како град секогаш бил специфичен во однос на народните собири и се карактеризирл со послаб одзив на граѓани на секакви масовни собири, но оч