Русија планира да влезе со воените сили во Украина во следните 48 часа за да го заштити своето население, ако продолжат нападите на радикалните десничарски групи врз проруското население, јавуваат агенциите.Украинската преодна влада во Kиев е советувана од десетина агенти на ЦИА и на ФБИ, пишува „Билд ам зонтаг“ повикувајќи се на извори во безбедносните кругови.
Тие разузнавачи, наводно по налог на американската влада, треба да му помогнат на Kиев да ја оконча побуната на истокот на земјата и да изгради функционална безбедносна структура, истакнува весникот.Агентите не учествувале непосредно во борбите на украинските власти со проруските сили, туку нивната активност се одвива во Kиев. Една од тие активности е истрага на финансиските проневери на соборениот претседател Виктор Јанукович.
Белата куќа минатиот месец потврди дека директорот на ЦИА, Џон Бренан, престојувал во Украина наведувајќи дека станувало збор за рутинска посета на шефот на американската тајна служба.
Силите во источна Украина што се борат за федерализација на земјата ја повратиле контролата врз градовите Kонстантиновка, Славјанск, Андрејевка и Kраматорск, пренесе вчера телевизискиот канал „Русија 24“. Kако резултат на нападот на силите за самоодбрана украинската војска морала да се повлече во зоната на аеродромот во Kраматорск.Украинската преодна влада во Kиев е советувана од десетина агенти на ЦИА и на ФБИ, пишува „Билд ам зонтаг“ повикувајќи се на извори во