Наталитетот е број еден, загрозена е иднината на целиот народ. Хрватска загрижена од бројот на новороденчиња, статистиките покажуваат дека се раѓаат се помалку деца,на државата и се случува демографски слом. Експертите предупредуваат дека Хрватска мора после се да сфати дека е загрозена иднината на хрватскиот народ.Демографот Стјепан Штерц во дневникот на ХРТ изјави дека падот на наталитетот заедно со заминувањето на младите од Хрватска се проблем број еден за нивното општество.
Очигледно властите се грижат за наталитетот само кога на 01.01 треба да ги посетат мајките и бебињата кои се родиле први во новата година, потоа вели демографот, не преземаат ништо за да се променат овие катастрофални падови на наталитетот. Предупреди дека оваа година се очекува намалување на родноста за 20 проценти во Хрватска.
За македонската Влада демографијата е еден од најважните приоритети за сегашноста и иднината на државата. Споредувајќи ги статистиките во последните 55 години, бројот родени деца по жена е намален за 63 проценти.Мерките на Владата што почнаа да се спроведуваат во 2008 даваат резултати, а тоа го потврди и премиерот Груевски во својот свечен говор по повод празникот Св. Климент Охридски.
Токму растот на третородени деца во државата го одржува наталитетот во бројот на родени и го зголемува фертилитетот.
Груевски тогаш порача дека нема економија без луѓе, нема пласман без потрошувачи, училишта без деца, општини без граѓани и најважно нема држава без народ. Бројките се немилосрдни а нам не ни треба утеха дека другите држави го имаат истиот проблем.
Во 2008 во Македонија се родиле 22 945 бебиња, од кои 2677 трети деца. ВО 2014 родени се 23 674 од кои дури 3715 се родени како трети деца. Скок во трето родените деца за 1038 повеќе отколку пред 7 години. Бројот на третородени деца во семејство е зголемен за цели 39 отсто. Македонија е исклучок и позитивен пример за многу земји на Балканот и во Европа.Демографот Стјепан Штерц во дневникот на ХРТ изјави дека падот на наталитетот заедно со заминувањето на младите од Хрватска се проблем број еден за