После ова никогаш повеќе нема да заспиете со шминка!

Вадењето на шминката навечер, пред спиење понекогаш е вистинско мачење, а често се случува и воопшто да не ја извадиме шминката од нашето лице и директно да легнеме во кревет. Но, дали тоа ќе продолжите да правите откако ќе го прочитате следното.
 Новинарка на „Daily Mail“ сакала да проба како би изгледала доколку не ја вади шминката во период од еден месец. Веќе третиот ден, дошло до појава на бели цисти околу трепките, а кожата и станала сува. Пријателите започнале да забележуваат и да и велат дека изгледа уморно. После десет дена, се разбудила со отечени очи поради грутки од маскарата.
После еден месец отипла на дерматолошки преглед, за да ја провери направената штета. Специјален фотоапарат открил дека текстурата на површинскиот слој на кожата значително е полоша за разлика од претходниот месец, затоа што во кожата имало намалено количество на кислород. Брчките се појавиле токму поради сувоста на кожата.
Црвенилото на кожата, со кое имала проблеми и претходно, уште повеќе се зголемило, а порите се прошириле.
Експертите тврдат дека, не вадењето на шминката од вашето лице за период од еден месец, може да направи да изгледате постари за 10 години.
 Новинарка на „Daily Mail“ сакала да проба како би изгледала доколку не ја вади шминката во период од еден месец. Веќе третиот ден,

Пронајдете не на следниве мрежи: