Докторите на Бјанка Фазеи пред четири години и рекле дека не може да забремени, но по авантурата со непознат маж во април 2014 година останала бремена. На свет дошол малиот Логан, а неговата мајка сега се обидува да го најде неговиот татко.Бјанка во април месец минатата година имала авантура за една ноќ со непознат маж во Перт. Набрзо дознала дека е бремена. Тоа било голем шок за неа. Пред неколку години, докторите и рекле дека има полицистични јајници и и соопштиле дека нема да може да стане мајка.
И покрај тоа, родила момче. По драмата која ја преживеала за време на породувањето, кога неговиот син за малку ќе починал, Бјанка одлучила да го побара таткото на бебето. Се што знае за таткото на Логан е дека се вика Џереми, дека е во 20-те години и дека живее во предградие на Перт. Затоа одлучила да го побара преку интернет оглас.
Нејзината одлука на овој начин да стапи во контакт со таткото на детето не наишла на одобрување. Коментарите на социјалните мрежи биле многу навредливи.
„Општеството се уште ги осудува жените кои ќе одлучат да родат дете, а не се во врска. Бев тажна кога луѓето ми велеа дека требало да абортирам. Најмногу бес предизвикаа коментарите на мајки кои ми велеа дека не требало да се впуштам во тоа сама“, вели Бјанка.
Сепак, одлучила да не се откажува од својата потрага.
„Не можам да верувам како некои луѓе се подготвени толку брзо да ме окарактеризираат како лоша мајка. Да, и понатаму го барам таткото на Логан и мислам дека никогаш нема да престанам. Би сакала еден ден да го видам, еден ден веројатно и Логан би сакал да го види својот татко. Не очекувам Џереми да дојде овде, но би сакала барем да ми се јави, вели Бјанка.
Она што и е најважно го има. А тоа е поддршката од семејството и пријателите.
„Она што мене ми е важно е среќата и здравјето на моето семејство. Никогаш не сум била посреќна. Се радувам што ќе можам да го држам моето мало момче и да го одгледувам“, вели Бјанка.
Мајката на Логан се уште се надева дека таткото на нејзиниот син ќе стане дел од нивниот живот, но се уште не добила никаков одговор.Бјанка во април месец минатата година имала авантура за една ноќ со непознат маж во Перт. Набрзо дознала дека е бремена. Тоа било голем шок за неа.



