Последиците од договорот ќе бидат долгорочни

Не треба да губиме од вид дека договорот како договор и да е потпишан, последиците ќе бидат долгорочни, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски во Отвореното студио на ТВ Нова.„Ние ќе треба да испорачуваме резултати по тој текст на договор. А тие ќе бидат во делот на историјата, во делот на политиката, во делот на признавање на јазикот, народите итн“, вели Попоски.
Попоски потенцира дека не треба да направиме елиминација дека во никој случај не треба да разговараме, но во преговорите на владата на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија јасно е ставено до знаење дека треба да нѐ почитуваат.
„Во онаа фаза во која ние преговаравме со бугарската страна бевме многу отворени по однос на овие прашања и јасно ставивме до знаење дека мора да нѐ испочитуваат како суверена држава и пандан и да го испочитуваат меѓународното право во поглед на договори за пријателство, добрососедство и соработка“, рече Попоски.„Ние ќе треба да испорачуваме резултати по тој текст на договор. А тие ќе бидат во делот на историјата, во делот на политиката, во делот на п

Пронајдете не на следниве мрежи: