Tим на експерти се обидува да им помогне на поединци кои претходно имале неуспешни процедури за разубавување. На светски познатите козметички хирурзи, дерматолози, славни стилисти и шминкери оваа сезона се приклучуваат и козметичкиот стоматолог д-р Ричард Ли и тату мајсторот Дејвид Кафри.Од неуспешна козметичка хирургија до срамни тетоважи, во шоуто “Последна шанса за убавина” работат на поправање на проблемите и враќање на самодовербата на учесниците. Новина во оваа сезона е гуруто за шминка и YouTube сензација Пиксиву (Pixiwoo) која ќе ги прикаже малите трикови со кој се постигнува гламурозен изглед.
Врз основа на штетата која ја има учесникот, му се доделува специјалист кој врши проценка на истата, наоѓа решение за проблемот и да го следи учесникот по патот на преобразбата. Меѓу трансформативните приказни оваа сезона ќе имаме можност да ги проследиме и страдањата на еден човек по неуспешниот обид за проширување на пенисот, жената чии вештачки прамени се залепени со супер-лепак на главата како и човек кој има емоционален потсетник на неговата поранешна девојка во облик на тетоважа на раката.
Во целост оваа сезона е полна со приказни за луѓе што убавината ја практикувале до крајност и се фокусира на поединци кои имаат преживеано натпросечни козметички промени кои радикално го менуваат нивниот изглед. Следете ги новите епизоди на TLC од 4ти април од 21 часот.
Од неуспешна козметичка хирургија до срамни тетоважи, во шоуто “Последна шанса за убавина” работат на поправање на проблемите и враќање