Последна желба: „Оставај по 500 долари бакшиш на келнерите“

Ајрон Колинс починал минатата година а се верува дека направил самоубиство. Неговиот брат Сет, веќе цела година ја исполнува Ајроновата последна желба.
Ајрон на Сет јасно му кажал: „Оставај огромни бакшиши (и не мислам на 25 посто, туку 500 долари за пијалок) на келнерот или келнерката.“
Откако е објавено првото видео во кое Сет ја остварува желбата на брата си семејството отворило и интернет страница преку која ќе се овозможуваат донации. Оваа страна им донела повеќе од 60.000 долари наменети за бакшиш.
Сет тогаш решил дарежливоста на својот брат да ја покаже во сите 50 држави во САД. По завршувањето на неговиот испланиран пат во траење од 4 месеци, Сет планира да продолжи со својот поход, се додека не бидат разделени сите донирани средства на пресреќните келнери и келнерки.
 Ајрон Колинс починал минатата година а се верува дека направил самоубиство. Неговиот брат Сет, веќе цела година ја исп

Пронајдете не на следниве мрежи: