Последната порака на скопјанецот убиен во Сирија: Мамо не плачи јас повеќе не се враќам!

Во воените судири во Сирија убиен е уште еден Албанец од Македонија. Според порталот Порталб станува збор за Алим Османи(22) од Скопје.На социјалната мрежа Фејсбук, тој испрати порака, како да го очекувал исходот од судири на бунтовничките сили против армијата на претседателот Башар ал Асад.
„Мамо, не плачи, јас повеќе не се враќам“, напишал 22-годишниот Османи.
Алим Османи во војната во Сирија се приклучил во јуни минатата година.
– Тој не беше дел од групите блиски на Ал Каеда. Се бореше рамо до рамо со силите на Војската за слободна Сирија.

 
За жал не информираа дека неговото тело не можеме да го добиеме, -изјавиле неговите роднини.
Османи е четврт Албанец од Македонија,  кој гине во Сирија. Во мај годинава беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на „Јабха ал Нусра“.На социјалната мрежа Фејсбук, тој испрати порака, како да го очекувал исходот од судири на бунтовничките сили против армијата на претседателот Баша

Пронајдете не на следниве мрежи: