Последната приказна за жената во чија глава живееја 22 личности

Еден од најпознатите психијатриски случаи беше анализата на Крис Сајзмор која неодамна почина во 89-та година од животот, а нејзиниот документиран третман помага во лечењето на луѓето со шизофренија.Оваа интересна приказна го привлече вниманието на јавноста откако со нејзиниот случај почнаа да се бават психијатрите Тигпен и Клеклеј.  Најдоминантните карактери во нејзината глава ги нарекле Бела и Црна Ева, а посериозно се посветиле на случајот откако Црна Ева се обидела да ја задави двегодишната ќерка на Крис.
Бела Ева обожувала да чита, додека Црна сакала да оди во кино и во клубови. И двајцата доктори најмногу работеле на тоа да го охрабрат третиот лик, Џејн, за кој сметале дека е уште подоминантна и од Бела и од Црна Ева.
За време на истражувањето, ликот Џејн се изгубил, а на нејзино место се вклопиле други личности, како и здружени групи од по три членови. Меѓу нив е и еден од најживописните ликови наречен Пурпурна Дама, која постојано ја болеле зглобовите и постојано ја лакирала косата, како и Девојчето со јагодите, која одела боса и јадела само јагоди.
Крис тешко излегувала на крај со својата болест, а првото подобрување на нејзината состојба се поувствувало откако семејството се преселило во Вирџинија, каде со неа работел осми поред психијатар, докторот Тони Цитос.
Во периодот од 40 години за кој се знаело дека пати од пореметување на повеќекратна личност, во нејзината глава се документирани вкупно 22 различни личности.Оваа интересна приказна го привлече вниманието на јавноста откако со нејзиниот случај почнаа да се бават психијатрите Тигпен и Клеклеј.  Најдо

Пронајдете не на следниве мрежи: