Најновиот оперативен систем на Google, „Lollipop“, требаше да биде револуционерен и иновативен. Но, испадна дека е многу штетен за поголем дел на телефони и таблети.Луѓето кои побрзаа да ја ажурираат својата верзија на софтверот на Android 5.0 Lollipop, ги предупредија другите корисници да не ја направат истата грешка бидејќи работата на нивните уреди била забавена, а дури и многу апликации почнале да се однесуваат чудно или едноставно исчезнале од нивните телефони.
Најчести жртви на новиот оперативен систем се бројните уреди на Nexus, вклучувајќи ги и Nexus 6 и Nexuѕ 9 таблети, кои на пазарот се појавија со новата верзија на Андроид оперативниот систем. Најчест проблем на корисниците било воспоставувањето на бежична интернет мрежа, а постоеле поплаки за квалитетот на звукот. Исто така, се случувало и апликацијата Adobe Air да исчезне по ажурирањето и не постои начин повторно да се инсталира.
Мислењата се разликуваат: некои пријавиле дека уредите им се успорени, а други дека повеќе не можат да ги користат.
(Не)исполнети ветувања на новиот Андроид систем:
– Новиот оперативен систем содржи суштински измени
– Андроид 5.0 е универзален за сите Андроид уреди
– Новата технологија за брзо полнење може да го продолжи „животот“ на уредот за дури 90 минути
– Интегрираните апликации на Google ќе стартуваат побрзо, благодарејќи на 64-битниот процесор
– Мултимедијалните содржини автоматски ќе се синхронизираат помеѓу поврзаните Андроид уреди
– Содржината реагира на човечкиот допир и глас
-Системот е дизајниран да биде интуитивен и подобар при повеќекратни наредби
– Корисниците можат да подесат само одредени известувања да можат да го „разбудат“ нивниот уред од „stand by“ режимот
– Уредот можете да го заклучите со веќе 3 постоечки начини, но исто така можете да го отклучите со поврзување на вмрежен уред
– Lollipop е интегриран во сите нови уреди на Google и достапен е на сите Nexus 5, 7 и 10 уреди.
Се огласи и ПР тимот на Google:
„Свесни сме дека корисниците имаат проблеми со новиот оперативен систем и упорно работиме на тоа да ја пронајдеме причината за истиот“.
Пред да се објави решението за проблемот, компанијата им предложи на сите оние корисници кои веќе го имаат преземено најновиот оперативен систем, да проверат кои апликации имаат дозвола да вршат процеси во позадина.Луѓето кои побрзаа да ја ажурираат својата верзија на софтверот на Android 5.0 Lollipop, ги предупредија другите корисници да не ја направат истата