Геби Девин страдала од смртоносен облик на рак на коските, а наместо да се лечи, таа одлучила последните денови да ги помине исполнувајќи 10000 желби на болни девојчиња.Геби починала во петокот, а последните недели од животот ги поминала посетувајќи болници со болни деца, на кои им носела подароци, до каде што можела да се движи. Нејзините дела го поттикнале нејзиното семејство да основа хуманитарна организација која ќе им помага на децата.
Сара Девин, мајката на храброто девојче, рекла дека ќерка и оставила неверојатно наследство, кое ќе го одржува со сите сили.
„Ова е начин да остане вечно запомнета, а ние сме горди што можеме да продолжиме каде што застана таа“, рекла Сара. Геби добила дијагноза – рак на коски во 2013 година и поминала 12 месеци на зрачење и хемотерапија кои за жал не помогнале.
Имала и две големи операции во период од само шест месеци, но ракот едноставно бил преагресивен за да се отстрани.
„На почетокот и беше тешко и во срцето знаеше дека нема да ја преживее оваа болест. Не сакаше да зборува за ракот, сакаше само да живее“, истакнува нејзината мајка.
Сара од тогаш успеала да направи повеќе од 1.000 добри дела , но тие вклучуваат и делење подароци на родителите, за барем на кратко да ги оттргнат мислите од оваа болест.
Во последните неколку недели кога Геби била во лоша здравствена состојба, нејзините родители и помогнале да ги носи подароците, бидејќи одбивала да прекине со оваа традиција.
Благодарните родители и пишувале пораки на Фејсбук, што било и дополнителен поттик да продолжи со хуманитарната пракса.
Нејзината мајка истакнува дека никогаш не се жалела на болка и дека храбро издржала со самиот крај.Геби починала во петокот, а последните недели од животот ги поминала посетувајќи болници со болни деца, на кои им носела подароци, до каде што може



