Во рамките на проектот „Скопски летен ритам“ неделава ќе се реализара богатa културно-музичка содржина со голем број учесници и настани на централните Градски Плоштади, којашто почна вчеравечер /22 септември, четврток/ на Плоштад Македонија со настапатот на „Нешо ау-бау”, млад кавер бенд од Скопје.На Плоштадот ВМРО, свој настап имаа „Стенд бај“ познати на македонската публика.
За денеска /23 септември, петок/ програмата е најразновидна, наменета за пошироката публика и е составена од класична, поп и рок музика.
На Плоштадот ВМРО, за вечер е предвидена програма за најмладите. Во 18:30 часот ќе настапи ансамблот Вапцарови од Скопје, а нешто подоцна во 18:30 часот ќе се претстават бендот Плејд Плуто, познати на публиката по своите рок свирки. Во 20:30 часот е предвиден настап на групата “Eye Cue”. Тие се Македонски поп/рок бенд кои изведуваат свој авторски материјал од 2007 година, а се често присутни на фестивалите низ Македонија. Бендот зад себе има свој деби албум, но и доста хитови добро познати на публиката, меѓу кои, Магија, Superstar Wannabe, Иста патека, Сон, Боби баш ми е гајле и многу други. Бендот е во состав од тројца прекрасни изведувачи, Бојан Трајковски (вокал и гитара), Иво Митровски (тапани) и Марија Ивановска (вокал).
На Плоштадот Мајка Тереза вечер е предвидена програма со класична музика. Во 19:30 часот ќе настапат Дуото Митев и Јованов, а по нив во 21 часот е предвиден настап на Дуо Долче, кои ќе изведат класични преработки од евергрини, поп и рок во инструментална верзија. Дуо Долче го сочинуваат, Олгица Здравковска (виолина) и Наско Џорлев (гитара).
Во сабота /24 септември/, програмата предвидува, рок свирка на Плоштад Македонија во 20 часот со Мила и Чил Плеј, добро познати на публиката со своите редовни настапи, како и нивната прва нумера „I am in love“.
На Плоштадот Богородица во 20 часот ќе настапи ансамбл Вапцаров. Особено освежување во програмата е учеството на Театар Комедија со Претставата „Стујардеси“, кои ќе настапат на Плоштад Мајка Тереза 20 часот. Целото дејство се одвива околу еден архитект-плејбој, кој ја нашол формулата за совршен живот. Имено, неговата замисла тргнува од идејата да имаш три стјуардеси од различни авиокомпании, што ти овозможува да патуваш и секој втор ден да имаш различна свршеница. Интересна претстава која буди доста интерес кај широката публика.
Проект „Скопски летен ритам“ е поддржан од Градот Скопје, а го реализира ЈУ Конгресен центар „Александра Македонски“.На Плоштадот ВМРО, свој настап имаа „Стенд бај“ познати на македонската публика.
За денеска /23 септември, петок/ програмата е