Последни крици на девојката Ивана: Помош, татко ми сите ќе не убие!

Ова не е приказна, за жал, туку веќе крик, можеби и последен на девојката од градот на истокот на Србија, жртва на семејно насилство, заложник на монструм кој, за жал, се нарекува нејзин татко!Крик, за веќе утре да не стане некролог, бидејќи градот знае, градот молчи, полицијата не реагира, а деновите на Ивана П. (33), нејзините деца и мајката се избројани до исчекувањето на она полседното!
„Пред неколку ноќи со нож ја нападнал сопругата, од чиста лудост, без никаква причина, бидејќи на таквите луѓе не им треба причина. Само чиста среќа ја спасила жената од сигурна смрт! Дошла полицијата, ја префрлила одговорноста на Итната помош, докторите го одвеле кај психијатар, кој само констатирал дека е страшно тоа што се обидел да го стори, и го пуштил дома… За несреќата да биде поголема, со Ивана не разговараме, туку во доцните, ноќни часови се допишуваме преку социјалните мрежи, прекинувајќи кога таткото ќе „заурла“, ќе почне бесно да удира по заклучената врата од собата од која не излегува со денови, се заканува дека никој не му може ништо и дека нема уште долго да ја има таа „среќа“ да промаши со ножот или секирата!“, раскажува пријателка блиска на Ивана.
„Со деновине ги пушта да излезат од дома! Својата ќерка, своите внучиња! Доколку успееат да исрчаат од куќата, ја заклучува вратата и не дозволува да се вратат, фрлајќи ги нивните работи низ прозор, врескајќи по сопругата, ќерката, внуците кои се веќе избезумени од страв и ништо немаат од животот, освен страв дали еден ден ќе ги затекнат мајка им или баба им во локва крв? Дали потоа дедо им ќе тргне по нив?… градот знае, полицијата знае, но никој ништо не превзема да му застане на патот на овој монструм, чекајќи веројатно приказната за маките на овие несреќнички да се пресели на странските хроники, како толку пати до сега?!
По кој зане кој пат го прекинуваме пишувањето, стравувајќи додека Ивана повторно не се јави со порака! Во овој, случај, и тоа е среќа, барем знак дека таа и мајката се уште се живи, дека насилникот на кратко се заморил од дивеење по домот, кршење на работи, провалување на врати, смртни закани…

 
По најголемите жетини ја исклучил водата во куќата! Со денови скапувавле додека тој од терасата се смеел и довикувал: „Молете го бога за малку дожд, па напијте се вода како луѓе“ Во градот има чешма, Ивана би можела да наполни вода за децата, но татко и не и дозволува да излезе, а доколку довикаат некој да дојде до куќата, го брка со псовки и закани, секогаш со истите зборови: „Што барате кај овие олоши, курви, а!? Не може, бегајте од овде да не ве видам повеќе“.
Маката на овие жени не трае од вчера и нема да се заврши утре! Со години мајка и на Ивана трпела ќотек, насилство, закани дека секој ден и е последен, се поради семејството, надевајќи се на нешто, а знаејќи дека всушност никогаш нема да помине…
Ивана како мала била сведок на тоа како татако и ја малтретирал мајка и, криејќи се во соба! Кога повеќе не можела да ја поднесе болката на мајка си, застанала во нејзина одбрана и тогаш станала уште една негова жртва, иако ја мрази од денот кога се родила, секогаш бил груб кон неа, но тоа што конечно застанала во одбрана на мајка и, што му се спротивставила, тоа во него разбудило уште еден ѕвер! Кога прв пат пријавила во полиција, тој ја полеал куќата со бензин и се заканувал дека ќе ги запали!

Кога пристигнала полицијата, ладнокрво одговорил дека се шалел, а тие заминале како ништо да не се случило, и од тогаш сфатил дека е семоќен, бидејќи државата очигледно е немоќна и незаинтересирана, додека веројатно овие жртви на насилство не завршат под бел чаршав, веројатно?! Четири пати го пријавувале во полиција и центарот за социјална работа, но ништо! Баш ништо…
„Нека ни помогне некој, ве молам“, последната и најзлокобна порака која ја примив од Ивана! Барем се живи! Помина уште една ноќ! Дали е последна?Крик, за веќе утре да не стане некролог, бидејќи градот знае, градот молчи, полицијата не реагира, а деновите на Ивана П. (33), нејзините деца и ма

Пронајдете не на следниве мрежи: