Последните стихови за Калина и Аце

Вчера на скопските гробишта беа погребани посмртните останки на Калина Велеска и Александар Миноски, двајцата планинари кои трагично настрадаа на врвот Кајмакчалан минатиот викенд.Професорот и поет Владимир Мартиновски на Фејсбук сподели песна што ја посвети на Калина Велевска, младата планинарка што загина качувајќи се на врвот Кајмакчалан.
ПЛАНИНА ОД ЦВЕЌЕНа Калина Велевска
Наработод градотрасте планинаод цвеќе.
Сиподаваметажни букети,икебани, венци, китки,
коиод ракадо рака се селат
каковреќи со песоккон надојдена река.
Ружи,гербери,мимози, кали,лалиња се селати си седат на твојатапланина која расте ли расте.
Модниот дизајнер и блогер Фросина Ангеловска – Фран на инстаграм објави стихови посветени на Александар Миноски:
Пет дена полни со
агонија, сивило и студ…
И небото заедно со нас
плачеше за тебе.
Вчера те испративме во
твојот вечен дом…
Денес огра сонце
и некако знам дека си тоа
ти горе на небото и дека
душата ти е успокоена…
Во сеќавање на твојата
голема љубов кон
белите пространства и маѓепсувачите височини.
Наша гордост…Професорот и поет Владимир Мартиновски на Фејсбук сподели песна што ја посвети на Калина Велевска, младата планинарка што загина качувајќи се

Пронајдете не на следниве мрежи: