Последните три години Владата ги зголеми средствата за осигурување на родот

Околу 500 хектари со жито и тутун се оштетени од 40 до 100 проценти и домови се поплавени по невремето што ја зафати општината Долнени со пороен дожд и град, се првичните констатации на двете општински комисии за процена на штетите, вели градоначалникот Боше Милошески.Тој и заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски денеска беа на терен ги анализираа последиците од невремето. Во долненското село Браилово најмногу настрадаа површините со тутун.
– Првичните анализи се дека големо пространство е зафатено со последиците од невремето. Првично е дека оштетени се преку 500 хектари со жито и тутун, главно. Поради големиот обем на работа, локалната самоуправа формираше две комисии за навреме да им се излезе во пресрет на оштетените жители. Апелирам да ги пријавуваат штетите, а рокот е до 15 јули, изјави Милошески.
По разговорите со земјоделците кои се оштетени, заменик министерот за земјоделство смета дека најголема заштита од драстичните климатски промени и од се почестите невремиња е осигурувањето на родот. Владата својата поддршка ја насочуува токму преку субвенционирањето од 60 проценти во премијата за осигурувањето.
– Последните три години Владата ги зголеми средствата за субвенционирањето од 60 насто од премијата за осигурувањето на родот. Средствата од Владата наменети за земјоделците против вакви појави се зголемуваат секоја година со мерката за субвенционирање при осигурувањето на родот. Бараме и апелираме, земјоделците кои не го осигурале земјоделскиот имот тоа да го направат што побрзо. Освен тоа, стоиме на располагање за тоа што значи „Ипард фонд“ и можноста за подготовка на проекти за воспоставување на системи за заштита од град, да се подготват такви проекти и земјоделците да може да аплицираат, изјави Костадиновски.
Со оглед на тоа дека во Доленени нема осигурување на родот, земјоделците бараат Министерството да им помогне при пријавувањето на осигурувањето во агенциите, особено кога не се решени имотно-правните состојби.
– Ќе им помогнеме на земјоделците да се најде заедничко решение да може да го осигураат родот, а не се решени имотно-правните односи со земјиштето, или го зеле под закуп или пак се води на најблиските роднини, рече Костадиновски, кој со градоначалникот на Долнени Боше Милошески ги посетија жителите на селото Лажани каде поради невремето беа поплавни над 30 домови.
Општинските комисии за проценка на штетите само денеска добија барања за штети на 160 хектари со жито и тутун. Најпогодени од завчерашното невреме се селата Лажани, Дебреште, Кошино, Црнилиште, Браилово.
Тој и заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски денеска беа на терен ги анализираа последиците од невремето. Во долненското село Браил

Пронајдете не на следниве мрежи: