Михаил Шумахер и понатаму се наоѓа во тешка состојба а неговото закрепнување трае многу споро. „Дејли експрес“ известува за најновите информации за неговата здравствена состојба.Шумахер кој во својата кариера има освоено 7 титули закрепнува од тешки повреди на главата кои ги заработи кон крајот на 2013 година на скијање во Франција.
Со месеци беше во кома а закрепна во болницата во Гренобл кон крајот на септември 2014 година. Потоа беше префрлен на домашна нега во својот дом во Швајцарија.
Официјални информации за неговото лечење нема, а британските весници од извори од блиски медицински личности кои се грижат за Шумахер дознаваат дека неговата состојба и понатаму е лоша а неговото закрепнување е споро и макотрпно.
„Се очекува чудо“, рекол овој извор и навел дека Шумахер и понатаму не е способен да зборува, ниту да се движи а има и лимитирана свесност.
За Шумахер се грижи медицински тим од 15 членови на чело со професорот Жан Франсоа Пајен.Неговото семејство до сега потрошило повеќе од 10 милиони фунти за лечење а гаранција дека ќе закрепне во потполност нема.Шумахер кој во својата кариера има освоено 7 титули закрепнува од тешки повреди на главата кои ги заработи кон крајот на 2013 година на скијање во



