Пред тринаесет години, на влезот на зградата на Владата на Србија, беше убиен првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија, Зоран Ѓинѓиќ.Ѓинѓиќ беше убиен на 12. март 2003 година околу 12:25 часот. Владата на Србија неколку часа по убиството прогласи вонредна состојба. Како извршители беа осомничени припадниците на Земунскиот клан.
За време на вонредната состојба во Србија, која траеше до 22 април, во полициската акција „Сабја“ биле уапсени 11.665 лица, меѓу кои и партиски функционери, високи воени офицери, носители на правосудни функции и естрадни ѕвезди.
Како главни во организирањето на убиството на премиерот Ѓинѓиќ беа осомничени некогашниот командант на распуштената Единица за специјални операции Милорад Улемек-Легија и припадници на земунскиот клан на Душан Спасојевиќ-Шиптар и Миле Луковиќ-Кум.
Политичката позадина на атентатот сѐ уште е актуелна во Србија, а неизоставни се теориите дека Ѓинѓиќ е убиен поради мислењето дека во земјата има премногу мешања од страна и неговото будење за тоа дека западните земји, кои тврделе дека се пријателски настроени кон Србија, всушност биле себични и гледале како да изнајдат начини за да ги остварат своите интереси.
Во последното интервју, Ѓинѓиќ истакна дека е „недозволиво амбасадори и странски претставници да се ставаат во улога на лидери на политички партии и да си даваат за право да кажуваат како треба да се води државата“. Меѓу останатото, тој побара будење на народот.
Недолго потоа, тој е убиен од страна на Земунскиот клан.
Балканот е геостратешка цел на светските сили и често доаѓа до ситуации кога избувнуваат немири откако некој балкански лидер ќе донесе одлука која се коси со интересите на земјите кои земаат за право да праќаат претставници со кои се мешаат во функционирањето на државите.
За жал, слична е ситуацијата и во Македонија. Засилени се пулените на опозицијата и нивните директни закани дека крв ќе се пролева по улиците, странски олеснувачи, амбасадори и политичари директно се мешаат во кроењето на политичко-економската состојба во Македонија.
Од високи разузнавачки кругови беа разоткриени планови за атентат врз високи политички претставници, пришто и самиот претседател Ѓорѓе Иванов посочи при обраќањето до нацијата.
Македонија „го вдишува“ истиот воздух со кој Србија беше загадена во 2003 година. Со платени терористички групи се тестираше подготвеноста на државата да се справи со потенцијална опасност, се напаѓаа полицајци и беше направен обид да се смени структурата на МВР за да се воспостави контрола и да се заштитат криминалните активности на блиските до опозицијата.
И покрај незаконските одлуки, олеснувачите молчеа и им дозволуваа на тогашните технички министри да донесуваат одлуки со одврзани раце. Но, се случи нешто, што е помоќно од кроењето на новото и поданичко лице на Македонија – се случи народ.
Клучен дел од успешноста на секоја игра е степенот на освестеност кај народот. За среќа, Македонците имаат долга историја и искуство кога станува збор за справување со неприлики. Токму тоа сѐ уште нѐ држи во целина.
Во продолжение внимателно ислушајте го последното интервју на Зоран Ѓинѓиќ, по кое беше извршен атентат врз него и ќе ви стане јасно зошто е круцијално да не се потпадне под влијание на комерцијално продадена слобода, која е уште еден чекор кон претензиите да се создаде зависна Македонија.
Ѓинѓиќ беше убиен на 12. март 2003 година околу 12:25 часот. Владата на Србија неколку часа по убиството прогласи вонредна состојба. Како извршител