Последното двотретинско танго

Верувајте ми драги мои, постојат луѓе, возрасни луѓе во Македонија кои денес, како што ги пишувам овие редови, веруваат дека кризата ќе се реши на тој начин што еден ден, ќе се соберат амбасадорите од сите земји, ќе отидат во Влада, ќе се заканат со некои санкции, казни, нуклеарки и Груевски и министрите од ВМРО со врзулчиња на стап, како во цртаните со Том и Џери ќе заминат пешки и со натажен поглед кон Идризово и сами себе ќе се затворат.Потоа Заев и компанија со актовки ќе влезат на предна врата во владата, секако проследено со овации од НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА и потоа се ќе биде бајка. Верувајте, постојат вакви луѓе. Со мали варијации во приказната како атентат на Грујо, па ЦИА да апси па не знам што друго, постојат луѓе кои секој ден се будат и чекаат Божја ( странска ) интервенција која ќе ги донесе нивните импотентни водачи на власт. Знаат луѓето добро дека тоа на избори тешко ќе се случи, дека сега како никогаш порано е слаба поддршката за квази социјалдемократските богаташи. Филот на обландата што им го дава Заев е дека ќе победеле на фер и демократски избори, со прочистено ова, со наштелувано она, ….. во принцип пак доаѓаме до Божјата интервенција. Ова списоци, телевизии, се бомбонче за незадовољно пучанство т.е. хард кор членови на кои им скисна да гледаат дека врвот на активностите за доаѓање на власт е канта поликолор два часа во денот со неработни недели и празници. Ние кои живееме на планетата Земја, не се палиме на вакви бајки. Ние кои не истураме канти со поликолор по плоштади ги знаеме следниве факти.
  СДСМ со Заев на чело е преферирана опција на „меѓународната заедница“. Тоа е факт од кој нема бегање. Тоа не е така зошто многу ги сакаат а уште помалку е така од љубов кон Македонија и со мисла за нејзин просперитет и добросостојба. Тоа не е така ниту зошто ги сметаат за способни, интелигентни или  авангардни. Причината е банална. Подобра маша за остварување на нивните агенди во Македонија е СДСМ.  Нив им треба партија подготвена на се за дадојде на власт. Нив им треба ( на меѓународната ) послушник кој нема многу да прашува, кој ќе добие скрипта на маса и нема да забегува со „креативни“ толкувања. Нив им треба Заев зошто е лесно сменлив, подмитлив и можат по употреба да го фрлат како употребен куртон на шарената револуција. Но има една зафрканција. Нив им треба Заев со двотретинско мнозинство. Да може да менува устав и закони по желба и потреба. Тоа е кваката.
    Наивно и глупаво е човек да верува дека американците во прв ред, веруваа дека Заев може воопшто да победи а камо ли да победи толку убедливо за да го анулира влијанието на ВМРО како во институциите така и во собранието. Американците не ги користат податоците на „Рејтинг’, агенцијата на Спасов, тие точно знаеја со колкав капацитет на терен располага СДСМ и која е интелектуалната срж на партијата. Американците пред две години знаеја дека во случај на избори СДСМ може да има и под 30 пратенички места ако не и пострашно. И мораа да направат пресметана игранка. Игранката почна со непризнавањето на резултатите во април 2014. Американците преоптимистчки веруваа дека народот навистина сака промена на власта која би ја тригерирале со одсуство на опозицијата од пратеничките клупи на некој период. Не знам дали планот беше  да се извади народ на улица или одредено време да се билда чуство дека некому нешто е украдено, но истото на терен даваше нула резултати. Кога снобовите од СДСМ за само месец и пол по поразот и театарот на Заев со наводните изборни нерегуларности се разбегаа по плажите во Грција, американците разбраа со кого си имаат работа. Не дека не знаеја претходно но мислам дека останаа затечени од членството и раководството на СДСМ кои не беа спремни ни еден одмор да жртвуваат за да дојдат на власт. По проценката на штетата по одморите, решија да им нацртаат како на деца. Им донесоа инструктори за протести од Србија, им ја поделија скриптата на Канвас и ги наоружаа со она најбитното. Бомбите на Заев. Американците добро знаат дека ДУИ и ДПА ги имаат во џеб, на копче. Секако одлично ја познаваа и еластичната кичма на СДСМ и сателитите, но повторно го потценија Македонскиот Народ. Бомбите беа и поминаа. Се направи обид и со Куманово и со камп. Почетната штета врз рејтингот на Груевски и ВМРО ја снема со првите високи температури и повторно Тонч. Беше потребно нешто радикално а да се фатат на спиење ВМРО и народот. Последниот потег беше СЈО за кое знаеме што и како направи. Целта на СЈО повторно беше рејтингот на Груевски и ВМРО а планот беше со низа брзи апсења и притвори врз база на „допрен глас“ од бомбите, итно да се затворат неколкумина од раководството на ВМРО за да се посее страв меѓу членството и гласачите и на брзи избори да се поентира со двотретинско мнозинство на ДУИ, ДПА и СДСМ и тоа да се претстави како врв на мултикултурализмот и авангардата. Нормално за тоа време да се распне раководството на ВМРО на крст и наместо судот да докажува вина, да се натераат тие да докажуваат невиност и да гнијат по притворски ќелии. Неколку превентивни потези, Гандиевскиот отпор на ВМРО и секако интервенцијата на Фикусот која никој не ја предвиде, повторно ги успорија и вратија назад сите овие американски игри.
   Доаѓаме до денешниот ден. СДСМ далеку од власт, уште подалеку од бар 50 пратеници. За американците можеме да кажеме се но знаеме едно. Тие СЕКОГАШ работат за интересот на сопствената држава ( за разлика од некои овде ) и се прагматични и практични при напорите за постигнување на својата цел. И ќе сторат се да го постигнат таргетот. Не бидете наивни. Целта не е подигнување на нашиот стандард, квалитет на живот и демократија. Што и да е, тие смислија нов начин да дојдат до тоа. Се вика преодна „Експертска“ влада. Што ова значи? Значи дека времето за радување и исчекување во СДСМ е истечено. Значи дека американците прифаќаат дека избрале неспособен партнер и се подготвени да избришат газ уште еднаш со него пред да го фрлат во кантата на историјата. „Експертската“ преодна влада е всушност трик со кои американците сакаат да отепаат две муви. Првата е секако ВМРО која доволно долго им бодеше очи. Вториот таргет е СДСМ. Таа влада ќе биде се што посакуваат американците,з бир на соросоиди и цијаши  со квази искуства, знаења и капацитети ( се сеќавате на Катица секако? ) кои слепо ќе тераат американска агенда на сметка на нашите национални интереси. Таа влада ќе апси на двете страни зошто целта и е слабо ВМРО зошто времето гази  а толкава поддршка од народ тешко се губи и компромитирано и поспсено раководство на СДСМ. Целта е да се прикажат тие неизбрани луѓе како светци, да апсат на двете страни, да му се создаде лажна слика на народот и неопределените и секако да изнурне „трета опција“, нова партија на која ќе се налепи народ и на избори во време кое одговара на американците, ќе се дојде до послушно двотретинско мнозинство во собранието. Имам сознанија дека таква партија веќе се подготвува ( не е Левица ) во странство и би била нешто како ДА на Циле Тупурковски во 1998-та. Планот е тој. Само корисните идиоти од СДСМ и нивните наивни членови веруваат дека на СДСМ му претстои иднина на власт. Сметам дека ВМРО ќе преживее зошто има многу посилно врзивно ткиво од реформираните (дали?) комунисти а од друга страна никој премногу солзи нема да лее по СДСМ а особено по Заев кој е најомразен токму од болните ега во сопствената партија а доволно глупав да не го гледа тоа. За негова жал, прв е на списокот за одстрел на неговите странски пријателчиња. По сето ова топката е сепак кај нас драги мои. На нас, НАРОДОТ е да се бориме за нас. Да бидеме жилав залак, коска во грлото на империјалистичкиот џин и да ги натераме ако заради ништо друго тогаш заради времето потрошено на наше кршење, да си најдат мета која побрзо ќе им заврши работа. Картите се и секогаш ќе бидат во наши раце а нашиот дух е нескршлив. Сме преживеале и поголеми империи. Храбри луѓе имаме. Да си ја зачуваме државата од платеничките кучиња. Да не им дозволиме да го заиграат двотретинското танго сред Скопје. Македонија мора да победи. За себе.
ДА, ЖИВЕЕ НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Алек Ванко
Писател, филозоф, аналитичар

Пронајдете не на следниве мрежи: