Последното интервју на Катица Јанева е потполно исто со која било прес конференција на член на СДС. Нејзините ставови, не наликуваат на став на правник, јавен обвинител кој треба да работи професионално, непристрасно и врз база на докази, туку наликуваат на ставови искажани од портпарол на криминалецот Зоран Заев, истакна на денешната прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.Катица Јанева по стоти пат докажува дека СЈО функционира само како општинска организација на СДС исполнувајќи ги наредбите на Заев. Сите предмети кои досега ги покрена Јанева се политички нарачани случаи без ниту еден доказ во нив. Катица Јанева е соочена со фактичката состојба и со реалноста и сега брза по секоја цена да склопува обвиненија за да ги исполни плановите и желбите на Зоран Заев, но и да го полни својот буџет со плата од 3.000 евра месечно додека во наредниот период траат рочиштата.
Секојдневно стануваат се појасни причините зошто Зоран Заев сака да ја врати Република Македонија 20 години назад. Секојдневно се откриваат причините зошто Зоран Заев сака да го стори истото што го стори и Бранко Црвенковски и да реизбира политички подобни судии.
СДС во 1996-тата година за еден ден реизбра 600 судии за да ја заштити криминалната приватизација во која беа украдени стотици милиони евра државен капитал, 200.000 работници останаа на улица, а стотици фирми беа затворени.
Сега Заев сака да ги заштити и амнестира сопствените криминали и криминалите на неговото раководство. Сака да биде сигурен дека нема да одговара, исто како што успеа да избегне одговорност со аболицијата за криминалот во „Глобал“ тежок 8 милиони евра и криминалот во случајот „Пуч“ за кој што беше амнестиран токму од Катица Јанева.
Затоа на Заев сега му треба реизбор на политички подобни судии.
Втората причина поради која Заев сака да направи реизбор е да се оправда целосно непрофесионалното и партизирано работење на СЈО. Зоран Заев и Катица Јанева знаат дека не постои судија што ќе донесе осудителна пресуда или ќе поддржи политички нарачан предмет, доколку истиот тој судија има интегритет и постапува исклучиво согласно заклетвата која што ја дал, односно ја дели правдата единствено согласно законот.
Затоа Катица Јанева почна да вработува деца и роднини на судии, а Зоран Заев истовремено најави партиска смена на судиите преку нивен реизбор. Мислат дека на тој начин ќе протуркаат политички нарачани случаи.
Сите овие предмети без докази ќе им паднат, исто како што ќе падне од власта и Зоран Заев. Катица Јанева по стоти пат докажува дека СЈО функционира само како општинска организација на СДС исполнувајќи ги наредбите на Заев. Сите предмети к