Запалете го моето тело и истурете ја пепелта на местото каде што потона траектот.Наставникот задолжен за повеќе од стотина ученици на траектот кој потона на брегот на Јужна Кореја изврши самоубиство, бидејќи она што преживеал било „премногу болно“ за него. Во своето последно трогателно писмо, Канг Мин-Гју напишал дека се надева дека во задгробниот живот повторно ќе им биде наставник на учениците чии тела сѐ уште не се пронајдени.
Овој 52-годишник е пронајден мртов неколку дена откако тој и 75 негови ученици успеале да побегнат од траектот Севол кој потонал во близина на јужниот брег.
Потврдена е смртта на 14 ученици, а 236 се водат како исчезнати. Нуркачките екипи денеска почнаа да извлекуваат тела од траектот. Полицијата го пронашла Канг како виси со ремен околу врат на дрво во саботата попладне пред гимназијата каде се сместени семејствата на жртвите.
Полицијата прво соопшти дека не оставил проштално писмо, но подоцна го промени исказот и објави делови од писмото напишано на две страници.
– Тоа што го преживеав е премногу болно за да го поднесам кога знам дека 200 деца се водат како исчезнати. Преземам целосна одговорност. Јас бев еден од организаторите на патувањето. Запалете го моето тело и истурете ја пепелта на местото каде што потона траектот. Можеби во задгробниот живот повторно ќе им бидам наставник на моите ученици, напишал тој.Наставникот задолжен за повеќе од стотина ученици на траектот кој потона на брегот на Јужна Кореја изврши самоубиство, бидејќи она што преживеал би