Подгответе превкусна пита од лешници…Потребни состојки: 600 гр. тенки кори за пита, 150 гр. мелени лешници, 150 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 лажица лебни трошки, 1 дл масло. Прелив: 4 дл вода, 400 гр. шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, ½ лимон.
Подготовка: Измешајте ги лешниците, шеќерот, ванилиниот шеќер и лебните трошки. Во намрсена подлабока тава (42х24 см или слична големина) ставете кора (бидејќи е поширока од тавата, свиткајте ја), попрскајте со масло и рамномерно наросете лешници. Постапката се повторува додека се потроши целиот материјал, со тоа што секоја кора се свиткува наизменично и спротивно од предходната. Одозгора се става кора и пред да се пече питата исечете ја на коцки. Испрскајте со масло и печете во рерна на 200˚С додека порумени. Откако питата ќе ја извадите од рерна прелијте ја со овој шербет: додека питата се пече, 15 минути на тивко варете вода, шеќер и ванилин шеќер. Тргнете го шербетот од шпорет и додадете лимон без кора и сечен на кругови. Топлиот шербет истурете го врз топлата пита.
Оставете да се олади. Доколку сакате можете да ставите шлаг и да ја декорирате со лешници или ореви. Пријатен аптеит.Потребни состојки: 600 гр. тенки кори за пита, 150 гр. мелени лешници, 150 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 лажица лебни трошки,